Во потрага по најдобрите бургери во Скопје

Скопје е град кој е добро познат по бројните локали, ланч барови и ресторани, кои на своето мени нудат вкусни бургери, секогаш подготвени од свежи и квалитетни состојки. Тешко е да се одлучи кој е најдобриот меѓу скопските бургери, па затоа Ви подготвивме една проширена листа на места кои навистина знаат да го доловат вкусот на оргинален, но и поинаков бургер. 

Се што треба да направите е да одберете што ќе пробате денес и да нарачате, а тие ќе го достават до Вашиот дом:

  1. Kiosk Burger Bar

Ако се уште не сте ги пробале неодоливите бургери во Kiosk Burger Bar, сега е вистинско време да го сторите тоа. Покрај тоа што подготвуваат бургери, познати се и по своите врапови, а нудат и вегетаријанско мени, што значи дека без оглед на Вашите преференции, сигурно ќе најдете нешто вкусно. Познати се по својот Киоск бургер, направен од домашно лепче, 100% јунешко месо, салати и уште неколку други магични состојки, кои го прават овој бургер совршен за сите гурмани. Без разлика кој бургер ќе го одберете, сигурно нема да погрешите!

  1. Ресторан Маџо 2.0

Прогласен како ресторан со најдобар бургер во градот во 2018 година, Ресторан Маџо 2.0 е местo каде бургерот е потполно уживање. На менито ќе најдете повеќе видови на бургери, па со оглед на тоа дека сите се карактеризираат со врвен вкус, Ви предлагаме да пробате што е можно повеќе. Познато е дека една од најбитните состојки за неодолив бургер е лепчето, па затоа во овој ресторан самите го подготвуваат. Без разлика кој бургер ќе го одберете, сигурни сме дека ќе го направите вистинскиот избор! 

  1. Baking Bread Burgers

Ако бургерите се нешто без кое не можете да си го замислите денот, тогаш Baking Bread ќе стане Вашето омилено место за уживање во добра храна. Специјализирани за класични, но и за необични вкусови, на менито на Baking Bread ќе најдете повеќе од 15тина различни бургери што сигурно ќе сакате да ги пробате повторно. 

  • Walter junior
  • Heisenburger 
  • Jesse Pinkman 

Ова се само дел од оние кои Ви препорачуваме да ги вкусите.

  1. Rock Kafana Rustikana 2.0

Добро познато е дека Rock Kafana Rustikana 2.0 се карактеризира со одлична храна, подготвена од висококвалитетни состојки. Богатото мени нуди за секого по нешто, меѓутоа она по што луѓето повторно

се враќаат овде, се нивните неверојатно вкусни бургери. Со оглед на тоа дека ги нудат во многу варијанти, најдобра опција би било да ја одберете нивната menage-a-trois варијанта, со која ќе можете да пробате три различни вкусови.

  1. M’s Street Food

Кога сте во потрага по нешто свежо, вкусно и сочно, вистинската дестинација е M’s Street FoodНа листата на нивното мени, покрај сочните бургери, се и познатите тортиљи, а и салати, за оние кои преферираат поздрава опција.  Најновиот вкус на менито е Специјалниот бургер, подготвен од квалитетно свежно месо, чедар кашкавал, многу зеленчук и вкусен сос. 

Ако веќе сте ги пробале бургерите во M’s Street Food, споделете со нас кој е Вашиот омилен избор. Се надеваме дека доколку до сега не сте ги пробале овие бургери, ќе го направите тоа што е можно поскоро!

A во случај да не сте сигурни кој би бил вистинскиот избор за појадок, ручек или вечера денес, секогаш можете да се прикачите на Qpick каде ќе ги откриете најновите вкусни понуди!

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%B3%D0%B0-%D0%BF%D0%BE-%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B1">