Дигитален маркетинг – Како да започнете

Голема е веројатноста дека веќе сте слушнале за него и можеби сте го користеле без да знаете за што точно се работи. Дигитален маркетинг.
Дигиталниот маркетинг едноставно значи промовирање на Вашиот бизнис со помош на интернет. Терминот се однесува на бројни маркетинг активности и трикови што се прават онлајн: на веб-страница, блог, профили на социјални медиуми итн.
Трговците кои во минатото користеа плакати и испраќаа каталози до своите корисници со цел да го рекламираат својот бизнис, денес се обидуваат да ја рангираат својата веб-страница на Гугл пребарувачот или да креираат Фејсбук реклами. И сето ова, бидејќи луѓето денес поминуваат двојно повеќе време на интернет отколку што го правеа тоа пред 10 години.

Значи, прашањето е од каде да започнете?

Идентификувајте ја вашата база на клиенти

Кога станува збор за вашата база на клиенти, постојат неколку основни прашања на кои, како компанија, треба да пронајдете одговор.
Кој е Вашата публика? Што им се допаѓа / не им се допаѓа на Вашите клиенти? На што најмногу го трошат своето време? Со колку средства располагаат? Какво е нивното мислење за Вашиот бренд?
Особено е важно да ја дефинирате Вашата целна група на клиенти, бидејќи ќе добиете многу подобри резултати доколку ги елиминирате ирелевантните индивидуи. Познавањето на Вашата публика, ќе ви помогне во Вашите одлуки поврзани со дигиталниот маркетинг. Без ова, постои голема веројатност дека само ќе губите време и пари без да постигнете некаков ефект.

Разбирање на Вашиот бренд и Вашата конкуренција

Со цел да го зголемите Вашиот бизнис, една од најважните работи што треба да ја направите е да научите се за Вашата конкуренција. Она што треба да се запрашате е: Дали знам се за моите конкуренти? Што го прави мојот бренд поинаков од било кој друг? Што можам да направам за да ги привлечам и да ги задржам моите клиенти?
Доброто истражување на пазарот може да Ве подготви за постојаните промени кои се случуваат на пазарот и да Ве спречи да останете зад Вашата конкуренција. На крајот, треба да бидете сигурни дека соодветно сте ги идентификувале предностите и слабостите на конкурентите и да ги споредите со своите.

Одберете иновативна платформа за дигитален маркетинг

Денес постојат голем број на онлајн маркетинг агенции кои користат најразлични технолошки алатки и платформи со цел да Ви помогнат да ги постигнете Вашите маркетинг цели. Со оглед на тоа дека Ви стојат бројни платформи на располагање, треба да бидете внимателни при изборот на она што е најдобро за Вас. Еве го нашиот предлог:
Hubspot е еден од најдобрите маркетинг софтвери кој може да Ви помогне да ја подобрите Вашата дигитална маркетинг стратегија. Тој Ви дава можност да привлечете публика со креирање на блог постови, видеа или инфографика, и Ви помага да ја оптимизирате и споделите оваа содржина на социјалните медиуми. Покрај тоа, Hubspot Ви обезбедува и информации за вашите нови клиенти.
Qpick е платформа кој им дава можност на претпријатијата да се промовираат користејќи дигитални флаери. Со помош на вештачката интелигенција, флаерот ќе стигне до вистинскиот купувач, и нема воопшто да му пречи на некој што не е заинтересиран за конкретната понуда. Исто така, Qpick Ви помага да собирате податоци за Вашите клиенти, како на пример кој го добива флаерот, кога и каде.
Marketo е неверојатна маркетинг алатка, која Ви дава можност да имате интеракција со Вашите клиенти на најпопуларните дигитални канали од една единствена маркетинг-софтверска платформа. Обезбедува разни маркетинг стратегии за различни индустрии, вклучувајќи финансии, здравство, медиуми, технологија итн.

 

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B4%D0%B8%D0%B3%D0%B8%D1%82%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BD-%D0%BC%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%B5%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B3-%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%BE">