Трикови кои ќе ви помогнат да заштедите пари додека купувате

Дали веќе го потрошивте и последниот денар од Вашиот буџет?
Штедењето на пари не значи секогаш да го купувате најевтиниот производ, туку да
изнаоѓате начини со помош на кои ќе ја платите најдобрата цена за она кое го купувате. Независно од тоа каков е Вашиот приход, постојат трикови кои ќе Ви помогнат да станете практичен купувач кој без никаква грижа на совест ќе може да ужива во она кое од секогаш го посакувал. Едни од најлесните трикови со кои секогаш ќе имате некој денар на страна, според нас се:



Размислете на што ги трошите парите.

Пред да истрчате во најблиската продавница секој месец направете листа на она кое навистина ви е потребно. Правилото е дека не смеете да купите ништо, доколку тоа не се наоѓа на вашата листа. Ова ќе Ви овоможи да бидете повеќе организирани кaко и да добиете јасна идеја на што можете да заштедите.

Следете ја конкуренцијата.

Не купувајте веднаш кога ќе видите некој производ, наместо тоа, појдете во останатите продавници од тој тип кои се наоѓаат во вашата област и направете споредба на цените. Исто така доколку се потрудите доволно добро со сигурност ќе најдете добри шопинг зделки и на големиот број онлајн продавници.

Внимавајте на специјалните понуди и промоции.

Како до пониска цена ако не со специјалните понуди кои скоро сите ги нудат, почнувајки од продавниците за облека како Zara, па се до авионските компании како WIzzAir. Кога ќе видите некој нов производ секогаш бидете трпеливи, затоа што многу веројатно е истиот наскоро да биде на попуст.

Никогаш не купувајте импулсивно.

Пред да купите некој производ особено оние кои навистина се скапи, застанете и запрашајте се – Дали ова навистина ми е потребно? Сетете се на чувството кога сте купиле нешто импулсивно – Дали производот долго време измамуваше насмевка на вашето лице или пак беше краткотраен налив на среќа што можеби Ви предизвика и мала грижа на совест?
Препуштајќи се на импулсивното купување го оневозможувате создавањето добри и трајни финансиски навики, а откривањето на тоа кои се вашите мотиви за импулсивно купување можат многу да Ви помогнат за да го надминете.

Понесете онолку пари колку што сте планирале да потрошите.

Не можете да потрошите пари кои ги немате! Пред да излезете, ставете во својот паричник мала сума на пари со која ќе можете да ги покриете сите трошоци кои сте ги испланирале за тој ден. Така што во моментот кога ќе ги потрошите парите, Вашата шопинг треска ќе мора да заврши.



Како ви звучат овие трикови? Дали мислите дека е разумно да превземете некои од овие чекори? Повеќето од нас се свесни дека треба разумно да управуваат со својот буџет, но сепак многумина сеуште неможат да го сторат тоа. Едно е сигурно, доколку успеете да трошите помалку отколку што заработувате, со сигурност ќе си дозволите да си купите нешто поголемо како и да си создадете едно мало богатство.

 

DownloadQpickApp

You May Also Like

About the Author: Qpick

Напишете коментар

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%82%D1%80%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%B8-%D1%9C%D0%B5-%D0%B2%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%B3%D0%BD%D0%B0%D1%82">