5 топ шопинг локации во Скопје

Ситуацијата која се наметна како последица од појавата на КОВИД-19, значително влијаеше на нашите потрошувачки навики. Трговските центри останаа подолг период затворени, што секако придонесе кон отежнато набавување на сето она што ни е потребно.

Но, со оглед на тоа дека се приближува крајот на пандемијата, рестриктивните мерки се намалуваат, а сето ова резултираше со повторно отворање на нашите омилени трговски центри. Нашиот тим беше во посета на скопските трговци центри, каде на лице место се уверивме дека внимателно се следат и почитуваат протоколите пропишани поради состојбата со КОВИД-19.

Уште на почетокот од новонастанатата ситуација, истите преземаа голем број превентивни мерки за заштита на општото здравје на посетителите и вработените. Скратеното работното време (10:00-18:00), одржувањето на дистанца (по едно лице на 5м²), како и задолжителното носење на заштитни маски и ракавици на вработените и потрошувачите, се примарните мерки кои се применуваат. Дополнително, се врши комплетна дератизација на ходниците, лифтовите, тоалетите и кваките на редовна основа.

Доколку периодов се подготвувате за шопинг, ние Ви откриваме кои трговски центри во Скопје ги нудат најдобрите попусти и промоции:

  1. Skopje City Mall

Skopje City Mall е најголемиот трговски и шопинг центар во Скопје. Со неговото отварање внесе потполно нов концепт кога станува збор за начинот на шопинг и забава. Со оглед на тоа дека опфаќа повеќе од 100тина домашни и странски брендови, дневно го посетуваат илјадници луѓе од Скопје, од останатите градови, а за време на викендот многу често има посетители и надвор од државата. Несомнено е дека овде можете да најдете се на едно место! 

Освен модните брендови и продавниците за козметика и убавина, во Skopje City Mall ќе пронајдете се што Ви е потребно за домаќинството, а истовремено е и одлично место за дружење и забава! Кафулиња и ресторани со одлична услуга, познати ланци за брза храна и кино, се само дел од она што овој трговски центар Ви го нуди! Секако, не се изоставени и најмладите посетители! Овде ќе ги пронајдете најпознатите книжарници и детски катчиња со забавен и едукативен карактер!

Ова се само дел од бројните продавници кои се позиционирани во Skopje City Mall:

  1. Ramstore Mall

Трговскиот центар Рамстор е позициониран во срцето на Скопје и е дел од овдешната шопинг култура речиси 15 години. Со работа започна во јуни 2005 година со повеќе од 90 продавници и брендови, кои одлично се согласуваат со потребите, вкусовите, а и буџетот на сите посетители. 

Можете да го посетите во било кое време, со оглед на тоа дека е активен 365 дена во годината. Покрај тоа што ќе пронајдете одлични парчиња облека од најпознатите брендови, Рамстор располага и со еден од најголемите маркети, па секогаш е одлично место за купување на прехрамбени производи и останати работи кои се неопходни во домаќинството.  Секако, после добриот шопинг, секогаш можете да одморите во одличните кафулиња и ресторани со кои Рамстор располага.

При посетата на Ramstore Mall, Ве советуваме да ги погледнете:

  1. Capitol Mall

Лоциран во населбата Аеродром, Капитол Мол и Резиденс се простира на вкупна изградена површина од 33.500 м2. Од нив, речиси 12.500 м2 се наменети за шопинг центарот кој е сместен на првите четири нивоа. Во Capitol Mall се позиционирани 47 локали и претставува место каде ќе ги пронајдете добро познатите интернационални и локални брендови, место каде може да се забавувате со Вашите пријатели и да одите на куглање, а после тоа секако следува одлична храна и вкусно кафе во добро познатите ресторани. 

На нивната листа на продавници се наоѓаат:

  1. Vero Mall

Овој трговски центар ги отвори своите врати за потрошувачите на 1 септември 2010, како прв центар на групацијата Верополус. Позициониран е на површина од 40.000 m2 и со право се вбројува меѓу најголемите трговски центри во Македонија.

Покрај продавници и производи од познати светски брендови, овој шопинг центар особено е познат по својата продавница за деца Jumbo, поради која и е најмногу посетен. Оваа продавница нуди илјадници производи од забавен карактер, производи за домаќинство, козметика и акцесоари. Без сомневање во трговскиот центар Веро ќе најдете се на едно место!

Не заборавајте да ги посетите:

  1. Градски Трговски Центар

Гратскиот трговски центар се наоѓа во срцето на градот. Со работа официјално започнува на 27 април 1973 година и самиот по себе претставувал културна икона и еден од најпрепознатливите објекти за градот. Од основањето па се до денес, во ГТЦ можете да ги пронајдете едни од најпознатите светски и домашни брендови. Облека, апарати за домаќинство, спорт и рекреација, се само дел од продавниците позиционирани во овој трговски центар. Сместен покрај кејот на Вардар, ГТЦ е одлично место за релаксирање во бројните кафулиња и ресторани кои нудат пријатна атмосфера и забава.

Едни од најпознатите продавници кои можете да ги посетите се:

Важно е да се напомене дека за безбеден шопинг, неопходно е почитување на пропишаните мерки од страна на трговците, но и од страна на купувачите. 

Затоа, при посета на трговските центри, Ви препорачуваме:

  • Носење на заштитни маски;
  •  Kористење на средства за дезинфекција;
  • Одржување меѓусебно растојание од 2 метри;
  • Избегнување допир на лицето;
  • При гужва, чекање за слободен влез на обележаните места.

И покрај вонредната ситуација, веруваме дека сеуште можете да уживате во шопингот доколку внимавате на горенаведените насоки. Трговските центри во Скопје работат под строго пропишани правила, бидејќи здравјето на купувачите е на прво место!

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-5-%D1%82%D0%BE%D0%BF-%D1%88%D0%BE%D0%BF%D0%B8%D0%BD%D0%B3-%D0%BB%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%BA%D0%BE">