MUST-HAVE модни додатоци за оваа пролет

Модните додатоци се одличен начин да го надополните и освежите Вашиот изглед и да зачекорите со ведри бои. За оваа пролет, дизајнерите презентираа уникатни модни додатоци кои би ја разбиле монотонијата на било кој аутфит.
Погледнете кои винтиџ и смели парчиња ќе ја одбележат пролетта:

Свилени марами

Свилените марами отсекогаш претставувале синоним за класичен Француски гламур. Но, денес во светот на модата има нови идеи за начинот на нивно носење, па често ќе забележите дека марамите се користат како замена за ѓердани, алки, и секако како моден додаток за косата. Без разлика дали се големи или мали, со ведри бои или анимален принт, тие секогаш ќе допринесат со одличен ефект кон Вашиот изглед. Тие се едноставен, но оригинален начин за вметнување на боја или дезен во стајлингот, па затоа одлична идеа е да ги носите и оваа пролет.

Плетени чанти

И покрај тоа што плетените чанти се хит веќе неколку сезони, девојките се уште не се изморија од овој тренд, па затоа и оваа пролет ќе бидат особено актуелни. Тие веќе се дел од колекциите на голем број дизајнери, а често можете да ги сретнете и во продавниците на high street брендовите. Ако имате плетена чанта од минатата сезона, сега е вистинско време да ја извадите од плакарот и да ја направите дел од Вашите модни комбинации.

Впечатливи ремени

Уште еден моден додаток кој ќе биде апсолутен хит оваа пролет, се секако ремените. Тие одлично се комбинираат за дневни и вечерни варијанти, во зависност од Вашиот стил. Без оглед дали ќе се одлучите за рокерска или класична комбинација, ременот е неизбежен додаток за единствен изглед.

Украсни шноли

Украсните шноли повторно се враќаат во светот на модата и важат за новиот-ретро моден хит. Дизајнот на новите модернизирани верзии е со широк спектар, па можете да видите едноставни и суптилни шноли со геометриски форми, но има и такви со драматични детали, како бисерни топчиња и циркони.

Долги обетки

Кога станува збор за накитот, оваа пролет вниманието е свртено кон лицето. Модните писти за пролетните колекции беа исполнети со смели, богати, преголеми обетки, како и долги, раскошни стилови кои паѓаа под рамениците. Значи, ако сакате да носите обетки, ова е совршено време да го покажете Вашиот стил.

Пролетта е идеална за експерименти, па затоа не треба да се плашите да мешате бои, шари и текстури. Најважно од се е да се чувствувате пријатно и да изградите свој уникатен стил.
Секако, секогаш можете да се приклучите на Qpick и да ги видите новите колекции и попусти кои оваа пролет ги обезбедивме за Вас.

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-must-have-%D0%BC%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8-%D0%B4%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%86%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%B0-%D0%BF">