Топ платформи за дигитален маркетинг

Секоја агенција има свои техники и алатки кои ги користи, но сепак кога сте во онлајн маркетинг бизнисот во одреден момент сигурно ќе се појави одреден софтвер кој ќе морате да го користите или пак едноставно да го пробате. Оваа дигитална ера нуди голем избор на алатки, а секоја нова алатка бара инвестиција на време и пари, па затоа избирањето на погрешнa и подоцна префрлање на другa може да биде проблем. Иако не постои начин да се знае што носи иднината, едно е сигурно – ниту еден бизнис не сака да биде во оние 80% кои што не успеваат во рок од 18 месеци. Како едни од подобрите алатки кои би Ви помогнале ние Ви ги предлагаме:

Hubspot

Hubspot е најлесниот софтвер за маркетинг автоматизација, кој ги озбебедува сите потребни алатки за подобрување и управување со секоја онлајн маркетинг стратегија. Оваа компанија им овозможува на сите професионалци можност за напредно сегментирање на е-пошта, неограничени можности за интеграција, собирање информации за новите клиенти како и привлекување на потенцијални клиенти со помош на атрактивни блог постови, инфографика, е-книги и видеа. Најосновните карактеристики на овој софтвер можат да се користат бесплатно, но постојат и голем избор на пакети како што е пакетот за професионалци кој чини 800$ месечно.

Marketo

Marketo е напредна алатка која со својот широк спектар на функции, опции и пакети им овозможува на маркетинг професионалците да заштедат време и да креират маркетинг кампањи за повеќе канали. Оваа компанија има над 100.000 корисници од целиот свет, на кои им нуди софтвер кој е направен за флексибилни онлајн маркетинг стратегии и кој најчесто се користи за маркетинг базиран на сметка, мобилен маркетинг и дигитално рекламирање. Marketo исто така содржи и прилагодени решенија за различни индустрии, вклучувајќи го здравството, технологијата, финансиските услуги, производството, медиумите и високото образование. Пакетот за професионалци кој Marketo го нуди чини 1,795$ месечно.

Gleamapp

Gleamapp е повеќе од едноставен софтвер за организирање на натпревари. Оваа алатка нуди широк спектар на апликации со помош на кои бизнисите можат да ја зголемат својата емаил-листа, да ја покажат својата визуелна содржина, да го зголемат ангажманот на корисникот со награди и да организираат натпревари кои ги поттикнува корисниците да превземат било каков вид на акција за да влезат во конкуренцијата како на пр. следење на социјалните медиуми, преплaта на емаил и гледање видеа. Оваа алатка може да се употребува бесплатно, неплатената верзија е многу подобра и чини само 39$ месечно.

Unbounce

Unbounce е неверојатна алатка за брзо градење, поставување и објавување нови целни страници за тестирање. Главна цел на оваа алатка е да им помогне на маркетарите и дигиталните агенции да ја зголемат конверзацијата на нивните веб страни и кампањи, и како таква има помогнато да се остварат преку 250 милиони конверзации за маркетари од целиот свет. Едни од најголемите карактеристики на оваа алатка се големиот избор на шаблони, можноста за брзо и лесно дизајнирање и интеграцијата со неколку алатки. Unbounce нуди пробен период од 30 дена, а после тој период цената за нејзино користење изнесува 49$ месечно.

Qpick

Qpick е нова апликација на македонскиот пазар, која им овозможува на бизнисите да се промовираат со помош на дигитални флаери и да ги дистрибуираат истите до смартфоните на вистинските потрошувачи во вистинско време. Со оваа мобилна апликација се добива можност за собирање податоци за тоа кој ги добива флаерите, кога и каде. Регистрацијата на оваа платформа овој месец е бесплатна, па затоа искористете ја можноста за да се промовирате на нов, иновативен начин.

Модерните маркетари се очекува да бидат на милиони места одеднаш, но без разлика што и да прават, едно е јасно – потпирањето на вистинските алатки за дигитален маркетинг не значи само заштеда на време и пари туку и загарантиран успех.

 DownloadQpickApp

You May Also Like

About the Author: Qpick

Напишете коментар

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/%D1%82%D0%BE%D0%BF-%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%82%D1%84%D0%BE%D1%80%D0%BC%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%B4%D0%B8%D0%B3%D0%B8%D1%82%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BD-%D0%BC%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%B5%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B3">