Каде да отпатувате за Велигден?

Тренд кој зема се поголем замав е прославувањето на Велигден – најголемиот христијански празник, надвор од домот, на некоја дестинација во или надвор од границите на земјата. Граѓаните се почесто се одлучуваат да го искористат продолжениот викенд и да отпатуваат надвор од својот град. Доколку и Вие сакате да го прославите Велигден подалеку од Вашиот дом, а немате идеа каде, ние имаме неколку одлични предлози за Вас:

Крф, Грција
Велигден е најголемиот религиозен настан на Крф и започнува да се слави една недела пред самиот празник. Прославата започнува со поворка, а наредните неколку дена се одбележани со музички настани, поетски вечери и црковни песни. Во сабота – на полноќ, илјадници жители и туристи се собираат на главниот плоштад и празникот се означува со стотици возбудливи огномети.Забавата продолжува во текот на целата ноќ, најпрво се јаде супа позната како “циличурда“, многу вино и велигденски колачи познати под името “фогаца“. Велигден на Крф ќе биде искуство кое сигурно никогаш нема да го заборавите.

Рим, Италија
Рим е секогаш одлична дестинација за патување, па продолжениот викенд е вистинска можност да ѕирнете во срцето на Италија. Рим со право го носи и името Вечен Град, бидејќи низ него магично се преплетуваат историјата и архитектурата, кои се стари повеќе од 3000 години. Не постои сомневање дека овој град е неповторлив и единствен по своите карактеристики и токму затоа е избор за милиони туристи секоја година. Рим ќе Ве маѓепса со своите антички монументи, раскошни дворци, колоритни плоштади, ренесансни фонтани, романтични фасади… Вистина е дека сите патишта водат кон Рим, па затоа бидете сигурни дека таму ќе поминете еден прекрасен и поинаков Велигден!

Будимпешта, Унгарија
Будимпешта е уште една одлична дестинација за Велигден! Овој град е преполн со култура која освојува и заведува, широки булевари и улички со калдрма, романтични мостови и живописни куќи. Со спојувањето на трите града – Будим, Обуда и Пешта настанала денешната Будимпешта, која претставува културен, научен и трговски центар на Унгарија. Ако сте љубители на историјата, уметноста и архитектурата бидете сигурни дека нема да погрешите доколку го изберете токму овој град за Вашето велигденско патување!

Доколку сакате да разгледате повеќе идеи и активни понуди од туристичките агенции, секогаш можете да се приклучите на Qpick!

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/616-2">