Идеални подароци за 8-ми Март

Празникот на жената е на самиот праг, но дали успеавте да ги одберете идеалните подароци за вашата мајка, сопруга, девојка или најдобра пријателка!?

На секој од нас му се случило да нема идеја што да подари, но затоа подароците и не мора да бидат скапи или луксузни – се што треба да направите е да ги изненадите Вашите најмили и да им покажете дека сте среќни што постојат во Вашиот живот. Затоа не грижете се, ние имаме неколку идеи со кои би сакале да Ви го олесниме целокупниот процес!

  1. Козметика за нејзиното тело

Зар има нешто поубаво од добро негувана жена? Грижата за своето тело е број еден кај секој од нас, па така и можеме со сигурност да потврдиме дека не постои жена која нема да се израдува на преубавите, природни козметички препарати. CRUSH е тука да ги разбуди сите сетила на вашите омилени дами исто како мирисот на првото утринско кафе! Нивната идеална понуда по повод Меѓународниот празник на жената може да ја погледнете на нашата платформа.

2. Персонализирани подароци

Персонализираните подароци се едни од најубавите, затоа што истите се правени со многу љубов и голема посветеност. Тие се едни од најуникатните подароци бидејќи секој од нив раскажува една своја приказна која останува засекогаш. Според нас не постои подобра можност да им покажате благодарност на вашата мајка, сопруга или девојка од креативна порака рачно нацртана  од Тино Ски ! Побарајте го Тино кој е handmade мастер а тој кој ќе ви помогне да ја реализирате вашата идеја со многу љубов.

3. Meдицински третмани на лице

Секоја жена се труди да изгледа и да се чувствува убаво, а воедно и да ужива додека го прави тоа.Токму затоа салоните за убавина се едни од најомилените места на понежниот пол. Затоа подарете уживање! Разгледајте ги медицинските третмани во Skin Solution кои се едни од најдобрите во поглед на разгалување и разубавување и слободно подарете некој по ваш избор. Ние Ве уверуваме дека овој подарок Би ја израдувал секоја девојка!

4. Шминка и фризура

За понежниот пол секогаш е добра прилика за нова фризура или шминка, ама овие празници секогаш на некој начин уште повеќе им ја поттикнуваат желбата за дотерување. Па и многу нормално, која дама не би сакала да изгледа убаво на овој ден кој ја празнува токму неа! Затоа овозможете им го тоа задоволство со ваучерите на FRAN кои со својот тим со сигурност ќе ја истакнат уште повеќе убавината на Вашите најдраги.

5. Накит – фаворитот кај дамите

Накитот е подарок кој никогаш нема да ја изгуби својата вредност. Нежен, едноставен, префинет, кој со сигурност ќе измами насмевка на лицата на Вашите најмили! Во Smaragd може да одберете квалитетен накит кои се одличен избор за поклон за овој празник.

Другите понуди за 8 ми март може да ги погледнете на Qpick апликацијата, која може да си ја спуштите тука.

DownloadQpickApp

You May Also Like

About the Author: Qpick

Напишете коментар

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%80%D0%BE%D1%86%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-8-%D0%BC%D0%B8-%D0%BC%D0%B0%D1%80%D1%82">