Дестинации кои не смеете да ги пропуштите оваа зима

Дали знаевте дека идеалниот период за патување со ограничен буџет во Европа е токму ЗИМАТА!? 

Европа во зима е прекрасна, но прашањето е токму кој дел од Европа треба да го посетите. Можете да изберете помеѓу снежниот поларен север или сонцето на Медитеранот – каде и да одите сигурно е дека ќе биде магично. Зимата е идеално време да ги посетите сите големи градови и симпатичните мали села со помалку гужви, за да можете да го добиете чувството на „локалната“ Европа. Да, може да биде студено, но има многу што да се види.

Проверете ги топ 5 дестинациите што дефинитивно треба да ги посетите оваа зима:

  1. Акаба, Јордан

Акаба е најважното пристаниште во Јордан. Со прекрасни плажи, места за нуркање од светска класа и празнично расположение – Акаба има се за тоа да биде идеалното место да уживате и одморите. Тоа е град што ќе Ви покаже уште едно лице на зачудувачката разновидност на Јордан. Додека сте во Акаба можете да го посетите историскиот град Петра кој важи за еден од најневеројатните антички градови.

  1. Лисабон, Португалија

Лисабон е исто така фантастичен избор за време на постудените месеци. Тука сè уште е топло и во текот на зимата! Додека во текот на летото може да биде полн со туристи, во зима можете да уживате во градот со побавно темпо. Уживајте во културата и изгубете се во кулинарската сцена и ноќниот живот. Кулата Белем е задолжително место кое треба да го посетите, а секогаш можете да се одморите во бројните прекрасни кафулиња и ресторани во градот.

  1. Рим, Италија

Главниот град на една од најмоќните антички империи на светот, Рим е фасцинантно место што ги инспирирало луѓето да го посетуваат со милениуми. Град кој има толку многу историја, сепак продолжува да се развива. Рим е секогаш добра идеја. Мешавина од старо и ново, Рим нуди неверојатни градби и споменици, неверојатни уметнички дела, мал градски шарм, лежерно темпо на живот и светски позната кујна. Вечниот град вреди да се посети барем еднаш, а особено за празнците.

  1. Schloss Neuschwanstein, Германија

Ако барате зимска бајка, не барајте подалеку. Schloss Neuschwanstein е Дизни замок во реалниот свет. Особено магичен во зимскиот период, тој е совршена зимска идила. Со спектакуларни погледи околу него, е исто како да сте влегле во приказните. Можете да останете во некои од шармантните села под замокот и да изнајмите автомобил за да можете да застанете на патот и направете слики подобри од разгледница.

  1. Вилнус, Литванија

Еден од најголемите средновековни стари градови во централна и источна Европа, Вилнус станува се повеќе популарен по својата историјата, со неверојатна архитектура и раздвижената кафе-култура. Покриен со зелени површини, и камчести улици , градот има шармантен изглед.

Доколку сакате да ги пронајдете најатрактивните дестинации од Орфеј Травел, но и други интересни промоции од Вашиот телефон, превземете ја Qpick апликацијата,, каде ќе пронајдете се што Ви е потребно. Изберете ја Вашата следната зимска дестинација и уживајте во попустите.

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B4%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%B8-%D0%BD%D0%B5-%D1%81%D0%BC%D0%B5%D0%B5%D1%82%D0%B5-%D0%B4">