Дигитални технологии за мали трговци

Технологијата игра особено важна улога во создавање и одржување на успешен бизнис. Во последните години, се повеќе бизниси се потпираат на технологијата и како резултат на тоа, успеваат да ги реализираат своите цели многу побрзо и многу полесно.
Гледајќи ја големата слика, не постои сомневање дека бизнисите работат поефикасно ако знаат како да ја користат технологијата на соодветен начин. Технологијата им помага на претпријатијата да комуницираат, соработуваат и да координираат, како и да обезбедуваат соодветни проверки и контроли во сите аспекти на нивниот бизнис.

Во прилог ќе споменеме неколку технологии кои секој мал бизнис би требало да ги земе предвид:

Сајбер безбедност

Според бројни статистични податоци, стотици бизниси денес се жртви на сајбер-напади, чија цел е да добијат пристап до нивните доверливи податоци. Не потои сомнеж дека малите и средни претпријатија имаат потреба од некаква форма на заштита од ваквите напади. Бидејќи Сајбер безбедноста е една од клучните карактеристики на електронската трговија, не постои сомнеж дека на трговците им се потребни соодветни протоколи, со цел да се заштитат себеси и своите клиенти од ризикот на измама при плаќање. Некои од начините за спроведување на оваа заштита се преку следење на сите трансакции, користејќи го Системот за проверка на адреси и поставување барања за креирање посилни лозинки од страна на клиентите.

Четбот кој обезбедува техничка поддршка

Четбот е компјутерска програма која симулира човечки разговор со помош на вештачка интелигенција. Четбот особено се користи од страна на компаниите кои обезбедуваат услуги 24/7. Бидејќи четбот е програмиран да работи независно од човечкиот оператор, тој е одличен начин да им се обезбеди инстантен одговор на клиентите.

Управување на односи со клиенти (CRM)

За оние кои не знаат, Customer Relationship Management или управување на односите со клиентите е бизнис софтвер кој успешно ги синхронизира бизнис стратегиите, организациската структура и корпоративната култура, информациите за клиентите, како и информатичката технологија, се со цел да се задоволат потребите на клиентите при комуникација со нив и со тоа да се стекнат деловни придобивки и профит. Добро дизајниран CRM ја подобрува продажната ефикасност и се грижи секој клиент да го добие вистинското внимание во вистинско време.

Рекламирање преку социјални медиуми

Во последните неколку години забележителен е раст на користењето на социјалните медиуми како начин на рекламирање од страна на малите бизниси, ако се земе предвид дека ова е еден од најдобрите и најевтините начини за поврзување со постојните и потенцијалните клиенти. Можноста да се создаде единствена и оригинална содржина е главната причина зошто рекламирањето преку социјалните медиуми постојано се зголемува. Ова е одличен начин луѓето да го запознаат Вашиот бренд, што е и потенцијална можност за раст на Вашиот бизнис. Една неверојатна техника која секој бизнис би требало да ја земе превид е да креира и промовира атрактивни понуди, купони и попусти, или едноставно да им дозволи на други да ја вршат таа работа во име на бизнисот.

Qpick е стартап кој им овозможува на малите трговци да се рекламираат преку промоции базирани на локација, односно, со помош на Вештачка интелигенција да го таргетираат вистинскиот купувач, во вистинско време. Нашата компанија нуди можност да го рекламирате Вашиот бизнис на многу креативен начин, со цел да ги постигнете своите цели и да обезбедите побрз раст. Исто така, со оваа мобилна апликација, добивате можност да собирате податоци за тоа кој ги добива флаерите, кога и каде.

 

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B4%D0%B8%D0%B3%D0%B8%D1%82%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8-%D1%82%D0%B5%D1%85%D0%BD%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D0%B3%D0%B8%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%BC">