Есенски модни трендови: Кои се најчести грешки и како да ги одбегнете

Есента веќе пристигна, па затоа ова е одличен момент да ги споделиме со Вас последните модни совети од познатите светски стилисти, кои ќе Ви помогнат да изгледате одлично во текот на целата сезона и секако, да ги одбегнете најчестите грешки кои жените ги прават при изборот на облека:

Црната боја преовладува во Вашиот гардеробер

Иако сигурно постојат денови кога сакате Вашиот стил да биде едноставен, треба да внимавате да не се задржите на црната боја преку цела сезона. Иако се вели дека никогаш не можете да погрешите со црната, сепак не би сакале Вашиот стил да стане здодевен.
Затоа, време е да излезете од зоната на комфорот и да внесете свежи бои во Вашиот стил оваа есен. Очекуваниот совет секако е да купувате повеќе парчиња облека со некаков принт или дезен, но можете да се одлучите и за комбинација на две или три бои. Ова е лесен трик со кој ќе бидете сигурни дека во Вашиот изглед никогаш нема да преовладува монотонија.

Одбирате класични, монотони чизми

Ако сте личност која едвај чека да дојде есента за да ги облечете омилените чизми, тогаш сигурни сме дека ги поседувате во голем број. Но, доколку поседувате безброј пара кои се прилично одлични, а и прилично едноставни (читај „здодевни“), тогаш време е за голема промена.
Оваа сезона, одлучете се за некои повозбудливи есенски опции. Чизмите со животински принт, изразити бои и висока платформа, се само дел од опциите кои ќе Ви помогнат да го покажете Вашиот единствен стил во вистинско лице.

Носите досадна, слоевита облека

Се прашувате што точно подразбира овој термин? Па, доколку секогаш се придржувате до истата шема на бои, ги одбирате основните невоочливи нијанси и секогаш се одлучувате за некоја сигурна опција, тогаш најверојатно спаѓате во оваа група.
Оваа есен обидете се да бидете похрабри. Инвестирајте во повозбудливи материјали и бои, и користете го уличниот стил како инспирација да креирате свој, уникатен изглед. Со комбинација на несекојдневни парчиња облека, можете да ја трансформирате досадната, слоевита облека во вистинско ремек дело.

Ако Ви е потебна дополнителна инспирација при изборот на облека за оваа есен, Qpick Ви ги носи најновите колекции и најдобрите цени во Вашиот град!

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B5%D1%81%D0%B5%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BC%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8-%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D0%BE%D0%B2%D0%B8-%D0%BA%D0%BE">