Иднината на brick and mortar продавниците

Пред да навлеземе подлабоко во темата за иднината на brick and mortar продавниците, особено е важно да се објасни подетално оваа проблематика и секако, зошто е добро да ги познавате основните работи, ако планирате да отворите сопствен бизнис.

Какво е општото мислење за brick and mortar продавниците?

Пред неколку години, голем број аналитичари сметаа дека крајот на brick and mortar продавниците е близу, првенствено поради проширувањето на интернетот и е-трговијата. Тие се сметаа за старомодни и многу сопственици на бизниси се плашеа дека ќе има масовно затворање на овие физички продавници.

Вистината е дека голем број на купувачи попрво ќе одат во ваква продавница, отколку да купат нешто онлајн. Главната причина за ова е фактот дека тие претпочитаат физички да го видат и допрат производот пред да донесат одлука да го купат. Ова е познато како сетилно искуство. Исто така, за многу луѓе подобро е да комуницираат со продажни работници, отколку со виртуелни продавачи.

Вистина е дека луѓето сакаат да ги разгледуваат производите онлајн, бидејќи е многу полесно и, се разбира, заштедуваат време. Вистината е дека тие преферираат да направат истражување и да ги добијат информациите преку интернет, но кога станува збор за одлуката за купување, голема е веројатноста дека ќе одат да ја посетат физичката локација – brick and mortar продавницата.

Кои се разликите помеѓу brick and mortar продавниците и продавниците за е-трговија?

Многу луѓе погрешно ги категоризираат brick and mortar продавниците и продавниците за е-трговија, па затоа од голема важност е да се познаваат разликите помеѓу истите.

Првото важна работа што треба да знаете е дека поентата на brick and mortar продавницата е дека мора да има физичка локација (барем една), за разлика од продавницата за е-трговија, која нема физичка локација и производи се продаваат виртуелно, а потоа се испраќаат до купувачот.

Кога станува збор за плаќање на производите, во првиот случај највообичаен начин е да се плати преку готовина или картичка. Се разбира, сосема е очигледно дека продавниците за е-трговија не можат да прифатат готовина, но важно е да се нагласи дека со текот на годините и со еволуцијата на технологијата постои поголема флексибилност на двете страни и истите нудат повеќе избор кога се работи за процесот на плаќање.

Добрите и лошите страни на brick and mortar продавниците:

Предности:

  • Локација, локација, локација.

Една од најдобрите предности на brick and mortar продавниците е, се разбира, нивната физичка локација. Локацијата значи многу кога станува збор за малопродажба и ако имате одлична локација, тогаш сте на вистинскиот пат да станете успешен бренд. Brick and mortar продавниците се изградени со цел да привлечат луѓе со своите излози, па затоа погрижете се секогаш да имате уникатен изглед, за полесно да ги натерате потенцијалните потрошувачи да влезат во Вашата продавница.

  • Одлично потрошувачко искуство

Кога станува збор за потрошувачкото искуство, не постои никаков сомнеж дека веб-страницата не може да се натпреварува со физичките продавници. Значи, една од најважните работи е да се создаде бренд кој ќе им овозможи многу повеќе на Вашите клиенти отколку само добра прилика за шопинг. Она што треба да направите е да обезбедите одлично “бренд искуство” и да ја покажете креативноста на Вашиот бренд, бидејќи на крајот на денот тоа ќе Ви донесе повеќе клиенти.

  • Легитимност и долговечност

Сите ние сме свесни за фактот дека клиентите се чувствуваат посигурно кога плаќаат во физички продавници отколку онлајн. Ова е дополнителен легитимитет што brick and mortar продавниците го овозможуваат за клиентите, бидејќи многу клиенти се откажуваат од плаќање на веб-страница за која не се навистина сигурни. Интеракцијата лице-в-лице со вработените е од голема важност – пријателски, комуникативни луѓе се голем плус ако сакате Вашите клиенти да се вратат повторно.

Слабости:

  • Поголем ризик

Отворањето brick and mortar продавница значи поголем финансиски ризик отколку основање на онлајн продавница. И трошоците за отворање на продавницата, како и општите оперативни трошоци се многу повисоки и ако работите не одат според планираното, постои поголема веројатност за загуба. Трошоците за закуп, вработени, даноци итн. можат да бидат голем проблем ако Вашиот бренд не ви донесе доволно приходи.

  • Нефлексибилност

Повеќето brick and mortar продавници не се отворени 24/7 и ова е голем проблем за купувачите кои сакаат да купуваат секој ден и во секое време. Да се биде присутен во продавницата и да се посвети доволно труд во Вашиот почетен бизнис е навистина важно ако сакате побрз успех.

Добрите и лошите страни на Е-трговијата 

Предности:

  • Пониски трошоци

Започнувањето со продавница за електронска трговија е многу поевтина инвестиција отколку да отворите физичка продавница. Вашиот бизнис може да започне со работа и продажба многу побрзо, притоа вложувајќи помалку капитални инвестиции. Исто така, ако немате време или финансии да започнете своја сопствена веб-страница на почетокот, секогаш можете да продавате преку други сајтови за Е-трговија.

  • Вродената удобност на Е-трговија

Нема ништо подобро од тоа да го пиете своето кафе и истовремено да пазарувате релаксирано од удобноста на Вашиот дом. Способноста да пребарувате и да проверувате стотици различни производи без да вложите голем напор, ја прави Е-трговијата прв избор за многу купувачи. Дополнително, производот може да се достави директно до Вашиот дом за многу краток временски период и затоа многу клиенти решаваат да ја прескокнат гужвата во физичките продавници.

Слабости:

  • Помалку легитимност и доверба

Продавниците за Е-трговија имаат поголеми потешкотии кога станува збор за градење на блиски односи со нивните клиенти поради недостаток на лична интеракција. Значи, ако имате онлајн продавница, навистина треба да се обидете да го привлечете вниманието на Вашите клиенти и да стекнете доверба. Треба да им дадете можност да ја запознаат Вашата продавница и Вашите производи што е можно подобро, за да не се чувствуваат дека би можеле да бидат измамени.

  • Потешко запознавање со брендот

Од една страна, многу е полесно да се започне онлајн продавница отколку brick and mortar продавница, но проблемот е во тоа што никој не може едноставно да прошета и да ја посети Вашата продавница. Затоа, ќе треба да инвестирате повеќе ресурси и време во рекламирањето, со цел клиентите да можат подобро да го запознаат Вашиот бренд и Вашите производи. Ќе треба да инвестирате во оптимизација и маркетинг на социјални медиуми, ако сакате побрзо да се слушне за Вашиот бренд.

Каква е иднината на brick and mortar продавниците?

Исклучително е важно да креирате мобилен веб-сајт за Вашиот бренд. Многу истражувања покажаа дека потенцијалните купувачи се спремни да ја посетат Вашата продавница, ако претходно видат некоја интересна понуда на интернет.

Идејата е да им се обезбеди уникатно онлајн искуство на потрошувачите, додека тие ги вршат своите секојдневни активности, бидејќи ги зголемува шансите да ја посетат Вашата продавница ако се во близина. Ова е така бидејќи ако истите видат некоја добра понуда, промоција или попуст, додека го проверуваат нивниот телефон, најверојатно нема да ја пропуштат можноста да добијат добра зделка и дефинитивно ќе ја посетат Вашата продавница.

Се разбира, постојат многу платформи што можете да ги користите ако сакате полесно да воспоставите контакт со поголема публика и да ги рекламирате подобро Вашите производи или услуги. Една од нив е Qpick, одлично рекламно решение кое ќе Ви даде можност да рекламирате на повеќе канали врз основа на локацијата и потребите на клиентите. Оваа платформа вклучува многу одлични карактеристики: Дистрибуција на рекламите на повеќе канали, Систем за управување со клиенти, Вкрстена анализа на маркетинг каналите, Креативно студио и слично. Повеќе нема потреба да печатите флаери кога можете да го рекламирате својот бренд поефикасно со помош на дигиталните флаери.

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-brick-and-mortar-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D1%86">