Каде на шопинг? – Најдобрите дестинации оваа есен

Сезоната на празници полека се приближува, а за оние кои размислуваат да одат на шопинг надвор од границите, есенските месеци се одлично време да го направат тоа. Ние споделуваме неколку интересни дестинации, каде празничниот шопинг трае во текот на целиот месец:

Виена
За време на празниците, во Виена се организираат Божиќните пазари Christkindlmarkt, кои се познати по добра забава и одличен шопинг. Ако се прашувате каде е најдобриот попуст во Виена, посетете ја улицата Mariahilfer, каде ќе најдете голем број на продавници и стоковни куќи кои нудат облека по неверојатно ниски цени. Ова е одличен период од годината за да го освежите Вашиот плакар.
За оние кои се во потрага за поголем луксуз, постојат бутици на големи модни куќи, како Луи Витон, Прада, Емпорио Армани. Виена е мамка за богатите туристи, особено за оние кои се подготвени да одвојат голем буџет за својот шопинг. Познат е и трговскиот центар Парндорф, кој е на половина час возење од Виена. Причината која го посетуваат голем број на луѓе се добрите брендови и ниските цени.

Истанбул
Може да се каже дека Истанбул е една од најпопуларните дестинации за шопинг. Овој град Ви го носи најдоброто и од Европа и од Азија, а ориенталната страст за трговија е прикажана овде во целиот нејзин сјај. Има многу интересни места за шопинг, но најмногу се издвојува Капали Шаршија (еден од првите трговски центри во Европа), како и продавниците во околните населби. Изборот на накит овде е импресивен, а исто така и Турската ќерамика, со доминантна сина боја. Турскиот текстил е со висок квалитет и ова е една од земјите со најсилна текстилна традиција во регионот.
Од трговски центри меѓу најпознатите се Акеркез – познат по фантастичниот ентериер и Канјон кој Ви нуди повеќе од 160 познати брендови во Турција и во светот.

Будимпешта
Во срцето на Будимпешта, во познатата улица Ваци, можете да купите производи за многу ниски цени, а за оние со малку подлабок џеб, тука е и булеварот Андреси, каде се наоѓаат познатите брендови како што се Гучи, Роберто Кавали итн.
Од трговските центри се издвојуваат Budapest Whale, стациониран на брегот на Дунав, а зад него не изостануваат и Mammut, Europeum, WestEnd City Center и други. Унгарскиот порцелан и сувенирите се разнобојни, а странците често купуваат етно кошули, џемпери и елеци. Трговските центри работат одлично, и секој месец ги посетуваат илјадници туристи.

Без оглед на тоа за кој град ќе се одлучите, веруваме дека ќе успеете добро да се подготвите за новата сезона. Доколку сакате да ги разгледате новите колекции и промоции од удобноста на Вашиот дом, секогаш можете да се приклучите на Qpick.
Затоа, изберете ја следната дестинација за шопинг за есен и зима и уживајте во попустите!

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BA%D0%B0%D0%B4%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D1%88%D0%BE%D0%BF%D0%B8%D0%BD%D0%B3-%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B8%D1%82">