Како фејсбук страница може да му помогне на твојот бизнис

Доколку водите успешен бизнис, особено е важно да користите најразлични платформи за да ја промовирате Вашата работа. Една од најефикасните платформи е, секако Фејсбук. Со 2.3 милијарди корисници, на Фејсбук постои широк спектар на публика и е речиси невозможно Вашите кампањи да не бидат видени или успешни.

Комуницирајте со Вашата публика
Една од најважните причини зошто сопствениците на бизниси го користат Фејсбук за бизниси е да воспостават комуникација со нивната публика. Вашата публика не се само Вашите постојни клиенти, туку и љубителите на Вашата содржина и Вашиот бизнис, потенцијални клиенти, како и поранешни клиенти. Значи, навистина треба да внимавате кога креирате содржина на Вашата Фејсбук страна, бидејќи крајната цел е луѓето да го сакаат она што го правите.
Правило на кое треба да внимавате кога станува збор за Вашата публика и интеракција со истата е 80/20. Ова значи дека 80% од содржината што ја објавувате треба да биде за Вашата публика, а 20% треба да се однесува на Вашиот бизнис.
Важно е да го следите ова правило, бидејќи тоа ќе Ви помогне да добиете лојална публика која е клучна за успехот на Вашиот бизнис.

Зголемете ja посетеноста на Вашата Веб страна
Многу сопственици на бизниси ги користат своите Фејсбук страници со цел да ја зголемат посетеноста кон нивните веб-страници. Затоа треба да користите линкови кои водат кон Вашата веб страна коа креирате содржина на Фејсбук, за да ја поврзете публиката со Вашиот бизнис на полесен начин. Немојте да ставате посебен акцент на бројот на коментари и допаѓања на она што го објавувате на Фејсбук, бидејќи главната цел е да ги днесете луѓето до веб страната. Значи, ако ги користите вистинските стратегии за креирање и објавување содржина на Фејсбук, посетеноста на Вашата веб страна ќе се зголеми значително.

Намалете ги Маркетинг трошоците
Ако размислувате да креирате Фејсбук страница за Вашиот бизнис, но се плашите од потенцијалните трошоци, тогаш немате потреба за грижи бидејќи ова буквално нема да Ве чини ништо. Можете да споделувате бројни содржини и да ја изградите Вашата публика на органски начин. Но, ако сакате поголем и побрз успех, тогаш навистина треба да почнете да креирате платени кампањи кои ќе Ви донесат многу поголема интеракција. Но, и ова нема негативно да се одрази врз Вашиот буџет за маркетинг, бидејќи рекламите на Фејсбук се релативно евтини ако ги споредите со другите канали за рекламирање.

Но, имајте на ум дека во случај да не Ви се допаѓа Фејсбук, постојат и многу други платформи за рекламирање. Една од нив е Qpick, стартап кој Ви овозможува да прикачите дигитални флаери и да испраќате понуди до Вашите клиенти преку апликација! Платформата е исклучително лесна за користење и одличен начин да останете во постојан контакт со Вашите клиенти!

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%BE-%D1%84%D0%B5%D1%98%D1%81%D0%B1%D1%83%D0%BA-%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0-%D0%BC%D0%BE%D0%B6">