Кои грешки да ги избегнувате при рекламирање на социјални медиуми

Социјалните платформи како Фејсбук, Инстаграм или Твитер обезбедуваат релативно лесен начин да стигнете до Вашата целна група на потрошувачи и токму поради тоа играат важна улога во маркетингот. Од особена важност е да се подигне свеста за Вашите производи или услуги, па затоа е многу важно да имате успешен почеток, ако се земе предвид дека првите впечатоци се брзи, моќни и долготрајни.
Промена на првиот впечаток е секако возможна, меѓутоа наша препорака е да ги избегнувате овие грешки кога започнувате со маркетинг на социјалните медиуми.

Плаќање за лажни следбеници
Она што е навистина важно е дека квантитет не секогаш значи и квалитет. Најважно е да се фокусирате на градење силни врски со вашите клиенти и да не се преокупирате со броеви. Купувањето на следбеници може да Ви донесе многу негативна реакција од страна на потрошувачите. Ова може да ги разочара вашите вистински обожаватели и да го уништи вашиот бренд.

Премногу постови во краток временски период
Објавувањето на повеќе постови во рок од неколку минути или часови може негативно да влијае врз Вашите следбеници или потенцијални клиенти. Вашата цел треба да биде систематско споделување на содржината, со цел избегнување на спамирање на Вашите следбеници. Во спротивно, постои голема шанса тие да Ве отследат.

Правописни грешки
Дали некогаш сте забележале Фејсбук пост во кој одреден збор е напишан погрешно? Или твит на кој му недостасува интерпукциски знак? Погрешениот правопис и граматика можат сериозно да го намалат Вашиот кредибилитет. Ова иритира многу луѓе. Лекторирањето на Вашата содржина може да биде предизвик, но тоа е од суштинско значење за да се создаде позитивен впечаток кај потрошувачите.

Погрешна употреба на Хаштази
Не постои сомнеж дека правилната употреба на Хаштазите на социјалните медиуми може да Ви помогне во промовирање на Вашиот бренд и тоа што самиот го нуди. Меѓутоа она за кое е неопходно да сте свесни е дека нивната прекумерна употреба може да биде здодевна. Она што треба да направите е да ја ограничите нивната употреба и да бидете сигурни дека оние Хаштази што ги користите се релевантни за она што сакате да го споделите со вашите следбеници.

Недоволно социјализирање на социјалните медиуми
Луѓето кои активно ги користат социјалните медиуми, очекуваат од компаниите редовно да одговараат на пораките. Тие, исто така, претпочитаат да зборуваат со луѓе, наместо со корпоративни роботи. Нема сомнение дека редовниот одговор на коментарите гради доверба помеѓу Вас и потрошувачите. При интеракцијата со Вашите потрошувачи треба да се обидете да комуницирате на начин кој е интересен и забавен за нив.

Доколку сте во потрага по иновативно рекламирање на Вашиот бизнис, Qpick е стартап кој Ви нуди новитет во областа на дигиталниот маркетинг, а со цел – побрзо остварување на посакуваните цели на нашите клиенти.
Подетални информации можете да добиете на www.qpick.mk.

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%B8-%D0%B3%D1%80%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%B8-%D0%B4%D0%B0-%D0%B3%D0%B8-%D0%B8%D0%B7%D0%B1%D0%B5%D0%B3%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0">