Кои се најчестите грешки при Фејсбук рекламирање?

Фејсбук го користат повеќе од 90% од лицата кои се занимаваат со Дигитален маркетинг, првенствено затоа што е лесен за употреба и нуди многу опции, а тоа го прави да биде еден од најпопуларните платени алатки за маркетинг ширум светот.

Но, тоа не значи дека секој од маркетерите ја користи оваа платформа на вистински начин. Опциите што ги нуди Фејсбук често се менуваат и затоа луѓето често прават грешки кога станува збор за рекламирање на оваа популарна платформа.

Значи, ако сметате дека Вашите реклами на Фејсбук не се доволно иновативни и не сте сигурни што да направите за да перформираат подобро, еве неколку грешки што секогаш треба да ги избегнувате:

Недостиг на јасна стратегија

Кога станува збор за креирање стратегија за Фејсбук рекламирање, треба да бидете во можност да истражите различни агли за тоа како да ги постигнете Вашите најважни цели. Најдобар пристап кон рекламирањето на Фејсбук е внимателно да поставите стратешка игра што ќе Ви донесе поголем сообраќај на веб-страницата, конверзии или непосредна продажба.

Значи, поставувањето на Вашата маркетиншка цел е првиот чекор кога креирате реклама на Фејсбук. Тука треба да одлучите на што сакате да го поттикнете корисникот на Фејсбук. Можеби да научи повеќе за Вашиот бренд, да ја посети Вашата веб-страница или да го конвертирате во купувач?

Најпрво, треба да одредите што сакате да биде крајната цел за рекламата, за да можете полесно да изберете која цел на рекламата Ви е потребна. Изборот на погрешна цел ќе резултира во трошење пари за нешто што навистина не сте го сакале.

Занемарување на важноста на сликите

Сликите се одговорни за 80% од перформансите на Вашата реклама, така што сега е совршено време да обрнете малку повеќе внимание на тоа какви визуелни производи користите во Вашите реклами на Фејсбук.

Фејсбук Ви нуди различни формати на реклами и повеќето од нив имаат можност да вклучуваат една или повеќе слики. На пример, ако изберете слајдшоу, ќе можете да вклучите повеќе слики со цел полесно да го привлечете вниманието на корисникот.

Според некои истражувања, сликите се она што првично го забележува корисникот на рекламата. Значи, кога ја барате вистинската слика за рекламата, треба да размислувате за понудата или целта на Вашата реклама, бидејќи сликата треба да има директна врска со она што го промовирате. Избирање на случајна фотографија нема да додаде вредност на понудата и нема да ја достави пораката на вистински начин.

Таргетирање на погрешна публика

Фејсбук им дава можност на маркетерите да изберат група на луѓе што треба да ја видат нивната реклама, додека тие се активни на оваа платформа. Оваа група на луѓе може да се заснова на различни нешта, како демографија, интереси, однесувања и сл.

Но, проблемот е во тоа што маркетерите често избираат погрешни луѓе и поради тоа имаат многу малку конвертирања. Ако сакате да го избегнете ова, прво нешто што треба да направите е да ја запознаете Вашата публика. Исто така, треба да бидете што е можно подетални, затоа што не сакате публика да биде премногу широка.

Заборавате да ги исклучите оние што веќе се конвертирани

Многу од Вас ја прават истата грешка одново и одново, не сфаќајќи дека има големо негативно влијание врз Вашиот буџет и искуството на клиентот со Вашиот бренд.

Значи, пред да објавите кампања, треба да ја проверите понудата што ја промовирате и да бидете сигурни дека сте ги исклучиле лицата кои веќе сте ги конвертирале.

Наш совет е да ја користите опцијата „Facebook’s Custom Audience“, за да можете да ги исклучите овие лица да не ја гледаат Вашата реклама. Ова е паметен начин да потрошите помалку пари и да не им досадувате често на Вашите клиенти.

Ако ги избегнете овие грешки при рекламирањето на Фејсбук и испланирате одлична стратегија за рекламирање, можете да добиете одлични резултати за Вашиот бизнис. Исто така, треба да останете проактивни и да ги следите трошоците на рекламата и секако, да ги следите новостите во светот на маркетингот.

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%B8-%D1%81%D0%B5-%D0%BD%D0%B0%D1%98%D1%87%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B3%D1%80%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%B8-%D0%BF">