Кој е вистинскиот инфлуенсер за твојот бренд?

Инстаграм е една од најдобрите платформи за промовирање на Вашиот бренд. Ако се земе ова предвид, тогаш очигледно е дека Инстаграм е вистинскиот избор за вашите маркетинг кампањи. Но, треба да бидете внимателни бидејќи, ако не соработувате со соодветните инфлуенсери, нема да можете да ги добиете посакуваните резултати од Вашите кампањи.
Изборот на Инстаграм инфлуенсер кој е најсоодветен за Вашиот бренд може да биде вистински предизвик. Затоа, во прилог споделуваме неколку основни совети кои дефинитивно ќе Ви помогнат при носење на оваа одлука:

Релевантност

Релевантноста е исклучително важна за соодветна промоција на Вашиот бренд. Не постои никаков бенефит доколку се трошат пари на спонзориран пост на луѓе кои најверојатно никогаш нема да го купат Вашиот производ.
Она што е особено важно е да проверите дали инфлуенсерот се совпаѓа со идентитетот на Вашиот бренд, или барем со производите што сакате да ги продадете. Мора да имате јасна претстава за целите на Вашата кампања со цел да најдете инфлуенсер што тесно го одразува Вашиот бренд.

Интеракција

Еден од најдобрите методи за проверка на автентичноста на еден инфлуенсер е да се анализира неговата интеракција со публиката. Тоа едноставно значи дека инфлуенсер кој има повеќе следбеници, не значи дека е подобар од останатите инфлуенсери. Она што е важно е интеракцијата. Интеракцијата ќе Ви покаже како публиката реагира на содржината на конкретниот инфлуенсер. Дали таа реагира, коментира и споделува, и колкав процент од читателите или следбениците се враќаат наспроти процентот на новата публика? Колку е поголем бројот на читатели кои се во интеракција со инфлуенсерот и колкавае зачестеноста на нивното враќање на неговиот профил, се всушност индикации за тоа колку се значајни овие односи.
Ако сакате да изградите соодветен маркетинг план, треба да знаете кои се предности, а кои слабостит на инфлуенсерот, како и нивната целна група.

Автентичност

Добро познато e дека колку повеќе следбеници имаат инфлуенсерите на своите профили, толку повеќе пари можат да заработат. Ова е причината зошто многу од нив се обидуваат со нечесни методи да ги зголемат овие бројки. Постојат илјадници лажни ботови, за вештачко зголемување на следбениците. Најдоброто нешто што можете да го направите е внимателно да го испитате профилот на iинфлуенсерот со кој сакате да работите. Во овој процес, треба да обрнете внимание на овие клучни работи:
– Дали бројот на нивните следбеници расте многу брзо во краток временски период, или публиката постојано расте со текот на времето?
– Дали бројот на лајкови на секој пост е конзистентен, или само неколку постови имаат невообичаено голем број на лајкови?
– Дали коментарите од нивните следбеници Ви изгледаат вистински?

Доколку инфлуенсерите почесто споделуваат слики од нивниот приватен живот, толку повеќе делуваат автентично.

Најважното нешто што ќе ја направи успешна или неуспешна кампањата е изборот на вистинските инфлуенсери за Вашиот бренд. Ако ги земете овие три нешта предвид при изборот на инфлуенсер, тогаш дефинитивно имате голема шанса да креирате успешна кампања.

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D1%98-%D0%B5-%D0%B2%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%B8%D0%BD%D1%84%D0%BB%D1%83%D0%B5%D0%BD">