Летен шопинг водич во Скопје!

Летото е одличен период да одите на шопинг и да го обновите Вашиот гардеробер, или пак да си подарите себе си некој убав парфем, чанта или накит. Секако, нема подобро изненадување доколку омилениот производ Ви е на попуст, па затоа ние одлучивме да направиме кратка листа од најатрактивните попусти ова лето во Скопје:

Cosmo Tinex
Кога станува збор за подготовките за летниот одмор, одлична чанта за на плажа е неизбежен додаток за секоја девојка. Во Cosmo Tinex, ќе ги пронајдете новите плетени торби за плажа, кои сега се намалени за 30%. Практични и во тренд, плетените торби се вистински избор за ова лето и често беа забележувани на модните писти за оваа сезона.
Имено, центарот за убавина – Космо, нуди докажан квалитет и многу производи од сите реномирани светски колекции. Центарот е познат по својот модерен изглед, и изобилството на избор и содржини, а со тоа ги исполнува очекувањата на модерната жена, а секако и на модерниот маж.

Golden Rose Macedonia
После одличниот одмор, сите посакуваат да го задржат својот бронзен тен што е можно подолго. А за оние кои посакуваат на својот тен да му дадат дополнителен сјај, тука е GR Diamond Breeze Shimmering Body Glow на Golden Rose Macedonia, кој ќе Ви помогне да го добиете посакуваниот златен или бронзен изглед. Оваа кремаста формула се нанесува неверојатно брзо и лесно и потребен и е само краток период да се исуши.
Harbini Cosmetics инаку, постојано им нуди на своите клиенти иновативни и интересни производи од бредовите “GOLDEN ROSE” (козметика), “Catherine Arley” (козметика) “Roxane” (парфеми), “Tarko” (додатоци од Лајонес и Солинген).

Bonatti Macedonia
Вистинските љубители на шопингот пак, особено се радуваат на попустот, па затоа Бонати и ова лето Ви нуди до 50% намалување на одредени производи од колекцијата Пролет/Лето 2019!
Bonatti се специјализирани продавници за женска и машка долна облека, пижами, костими за капење, хулахопки и чорапи од брендовите Bonatti и Fiore.
Брендот Bonatti е особено познато по своите пријатни материјали, а секако и пристапни цени, модерни и квалитетни модели на долна облека, програм за спиење и, што е најважно за овој период, одлични производи за на плажа.

City Fashion Skopje
За оние потрошувачи пак, кои се секогаш во чекор со модата и сакаат широко портфолио на брендови како: Emporio Armani, Karl Lagerfeld, Pierre Cardin, JOOP, Armani Exchange, EA7, Antony Morato, Fabi, Hogan, Eterna, Seidensticker, Club of comfort, Mickael Kors и уште многу други, бутикот „City fashion” е вистинскиот избор.
Новата колекција пролет/лето на Armani Exchange има до 40% попуст, па сега е одличен момент да го одберете омиленото парче облека!

Еликсир Ексклузив Парфимерии
Во парфимериите на Еликсир, се застапени производите од сите познати брендови парфеми како: Dolce & Gabbana, Gucci, Hugo Boss, Lacoste, Escada, Calvin Klein, Davidoff, Armani, Bvlgari, Lancome, Dior, Givenchy, Paco Rabanne, Carolina Herrera, DKNY, Sarah Jessica Parker, Joop, Marc Jacobs и многу други.
Токму во месец јули и август можете да уго искористите попустот и да купите некои од Вашите омилени парфеми со цени пониски за 30%.

Ако и Вие сте љубители на добриот шопинг и сакате секогаш да бидете во тек со новите трендови, секогаш можете да се регистрирате на Qpick – апликацијата која ќе Ви помогне да ги откриете најдобрите попусти, а секако и нови промоции! Без разлика дали станува збор за некое парче облека, козметика, или акцесоари, бидете сигурни дека ќе најдете нешто по Ваш вкус!

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BB%D0%B5%D1%82%D0%B5%D0%BD-%D1%88%D0%BE%D0%BF%D0%B8%D0%BD%D0%B3-%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%87-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF">