Најголеми маркетинг промашувања во 2018?

Верувале или не, дури и големите играчи понекогаш прават грешки, кои тешко може да се заборават.
Со оглед на бројните промашувања кои ја одбележаа минатата година, се покажа дека многу брендови допрва треба да го совладаат наједноставното правило на маркетингот: “Не ги лутете луѓето”.
Еве ги најпознатите грешки направени во областа на рекламирањето, производите и јавните коментари кои сеуште се предмет на критика:

Навредливата реклама на Хајнекен
Во март минатата година, Хајнекен започна да го промовира своето светло пиво со реклама која подоцна беше етикетирана како “ужасно расистичка”. Оваа реклама од 30 секунди, покажува шанкер кој им подава пиво на неколку луѓе со потемна боја на кожа, а пивото на крај завршува во рацете на жената со посветла кожа, со ознака “Понекогаш, посветло е подобро”. Хајнекен потоа брзо ја отстрани оваа реклама.

 

Гафот на H&M со слоганот
2018 година не започна добро за H&M, кој објави реклама на која беше прикажано младо афро-американско момче кое носи зелен дуксер, со слоганот “Најкул мајмун во џунглата”.
Ова беше ужасна грешка и модниот гигант беше широко критикуван од јавноста, бидејќи се сметаше дека со ова го поддржува расизмот. Набргу потоа, компанијата јавно се извини и соопшти дека ќе го повлече дуксерот од продавниците ширум светот.

Бесплатната пица на Домино
На почетокот на Септември, Domino’s во Русија ја лансираше кампањата Domino’s forever, нудејќи 100 години бесплатна пица на купувачите кои беа подготвени да стават тетоважа од логото на брендот и да ја споделат сликата на социјалните медиуми. Промоцијата заврши само по неколку дена, бидејќи луѓето започнаа масовно да се тетовираат и компанијата мораше да ги спречи големите трошоци.

Расистичката реклама на Dolce & Gabbana
Кон крајот на минатата година, Dolce & Gabbana објави маркетинг кампања за да го промовира претстојното шоу во Шангај. Кампањата вклучуваше три видеа со кинеска жена која има потешкотии при обидот да јаде италијанска храна со кинески стапчиња. Ова се сметаше за многу навредливо за кинескиот народ, бидејќи тие беа прикажани како нација која има недостаток на префинетост. Подоцна, италијанската луксузна модна куќа го откажа модното шоу во Шангај.

Контроверзната изјава на Victoria’s Secret
Во интервјуто за Vogue, Главниот маркетинг директор Ед Разек спомна трансродовите и plus-size моделите не треба да бидат дел од нивните ревии за долна облека. Бидејќи оваа изјава предизвика бура од реакции, тој подоцна одлучи да се извни, изјавувајќи: “Мојата забелешка во врска со вклучувањето на транссексуални модели на Модната ревија на Victoria’s Secret наиде на нечувствителност. Се извинувам. Да бидеме јасни, ние апсолутно би вклучиле транссексуален модел во нашето шоу. Имавме трансродови модели кои доаѓаат на кастинзи… И како и многу други, тие не успеаа. Тоа никогаш не беше поврзано со полот. Се восхитувам и го почитувам нивното патување да бидат она што се навистина. ”

 

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B3%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BC%D0%B8-%D0%BC%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%B5%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B3-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BC">