Најдобрите шопинг локации во Вилнус кои не смеете да ги пропуштите

Секогаш кога се подготвуваме да патуваме во друга земја, имаме навика да провериме кој трговски центар можеме да го посетиме, за да купиме парче облека, накит или некој сувенир за да не потсети на нашето прекрасно време поминато таму.

Летото е совршено време да ги искористите прекрасните денови и да посетите некои други земји. Доколку сакате да заминете на некоја нова дестинација, посетете ја Литванија и доживејте ја убавината на оваа земја.

Ако обожавате да одите на шопинг, Ви претставуваме дел од најдобрите трговски центри во Вилнус – главниот град на Литванија:

АКРОПОЛИС

Акрополис е најголемиот трговски центар во Балтикот по површина. Се наоѓа на десната страна на реката Нерис, на 5 километри од центарот на градот.
Трговскиот центар е полн со продавници и туристите многу често одат да го посетат. Во случај шопингот да не е Ваша омилена активност, можете да пробате уметничко лизгање, боречки активности или да гледате некој нов филм. Исто така, има и добар избор на ресторани, супермаркети и бесплатен паркинг.

ПАНОРАМА

Панорама центар се наоѓа во една од најстарите и најпрестижните станбени и трговски населби во Вилнус. Трговскиот центар има 180 продавници, 24 ресторани и кафе барови, простории за семејни активности и спортски клуб. Панорама е домаќин на настани кои овозможуваат разновидна забава за луѓе од сите возрасти.
Ова е еден од омилените трговски центри за туристите и локалните жители, со стотици различни продавници, а и луѓе кои работат таму се особено љубезни. Еден голем доказ за тоа колку е добар овој трговски центар е бројот на луѓе што го посетуваат: околу 7 милиони годишно.

ЕВРОПА

Трговскиот центар Европа е симбол за елеганција и удобност и е основан во близина на Стариот град на Вилнус.

Овде ќе најдете повеќе од 82 продавници, кои Ви го нудат сето она што Ви е потребно – модерна облека, накит, подароци, елементи за ентериер, а исто така и ресторани со различна кујна, банки и кафе барови. Продавниците често делат многу промоции, попусти и други забавни активности за Вас.

Дали сте заинтересирани за други трговски центри во Вилнус? Слободно кажете ни ги Вашите интереси и Qpick е тука за да помогне во изборот на вистинската продавница за Вас! Ако се прашувате каде се најдобрите попусти и нови промоции, регистрирајте се на Qpick и секогаш ќе бидете во тек.

 

Блогот е оригинално објавен на https://medium.com/@Qpick

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D1%88%D0%BE%D0%BF%D0%B8%D0%BD%D0%B3-%D0%BB%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D1%86%D0%B8">