Одберете уникатен подарок за 8ми Март

8-ми Март е Меѓународниот ден на жената што се одбележува секоја година. Денот кој ја означува борбата на жените за социјална, економска и политичка рамноправност со мажите. Токму затоа, ова е вистински повод да им подарите нешто на саканите жени во Вашиот живот. Меѓутоа, не заборавајте дека жените треба да бидат сакани и почитувани секој ден од годината.
Ние во прилог Ви даваме неколку совети како да ги изненадите своите сопруги, мајки и пријателки со уникатни подароци:

Очила за сонце

За меѓународниот ден на жената, за дамите кои претпочитаат одличен квалитет и имаат свој изграден стил, очила за сонце се најдобриот луксузен и елегантен подарок. Доколку сакате да го направите вистинскиот избор, лидерот во оптиката – “Прима Оптика”, Ви ги нуди Најновите колекции очила за 2019 година. Како застапници на сите најпознати светски брендови, ќе се погрижат да го одберете најдоброто за својата сакана и да ја изненадите со уникатен и модерен подарок каков што заслужува.

Брендирана ноќница за пријатен сон

Сонот е важен за секого, а особено за жената која води напорно темпо на живот. Дополнително време не може да се купи, но затоа можете да подарите ноќница изработена со висок квалитет и пријатни материјали, кои ќе и овозможат на секоја дама да се почувствува пријатно и опуштено. “Extreme Intimo” се бренд кој не само што ги следи најновите модни трендови, туку и секогаш се грижи производите да бидат со врвен квалитет, за секој да се почувствува убаво и удобно.

Третман за нега на кожа

Уште еден уникатен подарок кој би бил вистинско изненадување е третман за нега и разубавување, кој секоја жена го посакува, бидејќи секоја жена сака да се грижи за себе и да ја негува сопствената убавина. “SKIN SOLUTION” е ординација која се стреми кон тоа секој да се чувствува убаво во својата кожа. Нема ништо подобро од тоа да му подарите некому третман извршен од стручно лице со долгогодишно искуство, одлично знаење и секако, експертиза. Ова е одлична прилика да и овозможите на дамата да се почувствува опуштено, релаксирано и освежено!

Без оглед за каков подарок ќе се одлучите, најважно од се е да и ја подарите на жената љубовта која таа ја заслужува.

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BE%D0%B4%D0%B1%D0%B5%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B5-%D1%83%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BD-%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%80%D0%BE">