Прошетај низ најпознатите модни ателјеа во Скопје

Облеката несомнено е дел од нашиот целосен стил, карактер, но и начин на живот. Со возраста, постепено се дооформува сечиј стил и точно знаеме што е она што му прилега на нашето тело. Доколку сакате да додадете ново парче во Вашиот плакар, ние Ве носиме на прошетка низ најпознатите ателјеа во Скопје: 

  1. Atelier Antonija

    Ателје кое ја негува елеганцијата и гламурот кај жената веќе 25 години. Секоја личност има своја дефиниција за модата и токму тие ќе Ви помогнат да ја прикажете Вашата дефиниција во соодветно светло.

  1. Atelier Kocareva

    Изгледот кажува многу за личноста и нејзиниот карактер, па доколку сакате да направите посериозна промена во однос на Вашиот гардеробер, Моника Коцарева ќе го конструира вистинското парче за Вас.

  1. Iva Spasovska Atelier

    Ателје во кое Вашите модни фантазии можат да бидат трансформирани во прекрасни парчиња облека. Без оглед на Вашиот стил, вкус или повод, Ива ќе се погрижи секогаш да бидете уникатни и поинакви.

  1. Irina Tosheva

    Македонски бренд кој успешно функционира скоро 10 години. Комбинација на забава, свежина и футуристички елементи, се она по што се одликуваат овие модни креации.

  1. Kokev

    Ова ателје со право се вбројува на листата на најпознати ателјеа во Скопје. Венчаници, елегантни тоалети и модерни парчиња, се само дел од модните креации на Кокев.

  1. MCouture by Mila Kadriu

    Доброто парче облека во голема мера зависи и од изборот на материјали, а Мила Кадриу го нуди секогаш најдоброто на своите клиенти. Фокусирана на венчаниците и вечерните тоалети, Мила со сигурност ќе Ви обезбеди гламурозен изглед.

  1. Elena Luka

    Елена Лука е препознатлива по својот автентичен, авангарден и уметнички моден израз, нудејќи урбани и препознатливи модни креации. Квалитетните модни парчиња секогаш се изработуваат од внимателно одбрани материјали и со препознатлив богат вез.

  1. Atelier Ljutikova

    Ателје Љутикова веќе 20 години е познато по своите креации, квалитет и доследност. Секогаш во чекор со најновите европски и светски трендови,прекрасни материјали и одлична услуга.

  1. MOSSO Atelier

    MOSSO е моден израз кој диктира елеганција и современост, нудејќи дневни тренди креации, бизнис модели и коктел тоалети. Долгогодишното искуство им ја дава можноста да креираат стил за секоја Ваша приказна.

  1. Atelier Blazevski

    Она што ќе го замислите лесно можете и да го реализирате во Ателје Блажевски. Направено со многу љубов и посебно внимание, секое парче е приказна за себе. Бидете сигурни дека ако сакате да внесете свежина во Вашиот изглед, ова е вистинското место за Вас.

  1. Atelier Drakul

    Луксузни, гламурозни и елегантни креации кои ја истакнуваат женската убавина и во кои ќе се чувствувате посебно. За следниот голем настан, ателје Дракул е вистинскиот избор.

  1. Atelier Viktorija Maer

    Свадбениот ден е еден од позначајните во животот на секоја невеста, а самата венчаница треба да биде креирана со цел да направи да се чувствувате посебно и удобно. Доколку се наближува Вашата свадба а Вие сеуште немате одберено венчаница, ова ателје ќе го искреира најубавиот венчален фустан.

  1. Sari Gi Atelier

    Одлична комбинација на смели принтови, традиционални, но и модерни елементи и впечатливи бои, се она по кое ова ателје е познато.

  1. Atelier by Sonja

    Без оглед дали станува збор за коктел фустани, венчаници, или тоалети за матурската вечер, тимот во ова ателје знае да го долови вистинскиот стил кој ќе ја надополни вашата природна убавина.

  1. Zana Aliu

    Ателје во кое дефинитивно не недостига креативноста. Смели линии, ведри бои, но и елегантни елементи се она што го претставува секој модел изработен во ова ателје.

  1. Fashion Atelier Four TS

    Оригиналноста е карактеристика на храбрите, па ако сакате да доловите уникатен стил кој ќе остави впечаток на секого, ова ателје ќе Ви помогне истото да го остварите.

  1. Atelier Per Sempre

    Ова ателје е водено од исклучително артистички и професионален дизајнер кој е познат по своето кеативно око. Дизајнер кој создава безвременски, моќни и уникатни парчиња облека.

  1. Mari Kat Atelier

    Висок квалитет и креативност, преточена низ раката на професионален тим, кој со сигурност ќе го долови се она што Вие сте го замислиле.

  1. Atelier MATILDA

    Кога станува збор за изборот на венчаница, паметно е да ја одберете онаа венчаница која ја покажува Вашата креативност, личност и стил. А доколку не сте сигурни, тимот на ателје Матилда е тука да Ви помогне да го направите правиот избор.

Без оглед кое ателје ќе биде Вашиот соодветен избор, сигурни сме дека нема да погрешите. А доколку сакате да дознаете нешто повеќе околу најновите модни трендови и понуди во Вашиот град, секогаш можете да се прикачите на Qpick.

 

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%88%D0%B5%D1%82%D0%B0%D1%98-%D0%BD%D0%B8%D0%B7-%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%BF%D0%BE%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%82">