Работа од дома – како да се задржи фокусот?

И покрај тоа што работењето од дома не е нов феномен, пандемијата КОВИД-19 го направи неопходен чекор за многу канцеларии ширум светот. Во овој период, многу работодавци сфатија дека непотребни им се огромни канцелариски простори, а вработените открија дека не е неопходно секој ден да бидат во канцеларијата, со цел да ги исполнат своите работни обврски. Но, колку и да звучи идеално, работата од дома со себе носи прилично уникатни предизвици. 

Најголем предизвик на почетокот е да се задржи исто ниво на фокус како кога сте во канцеларија. Дополнително, оддалеченоста од тимот и недостатокот на поврзаност, може да имаат негативно влијание врз целокупниот бизнис.

Затоа,  ние Ви подготвивме неколку совети како да останете фокусирани и продуктивни додека работите од дома:

  1. Креирајте идеален работен простор

Без разлика кој дел од Вашиот дом ќе го користите, важно е да имате дефинирана работна средина. На луѓето често им е лесно да седат со својот лаптоп на каучот, најчесто во близина на телевизорот, што може да претставува голем проблем за одвлекување на вниманието. Затоа, најдоброто решение е да си наместите работна маса – на овој начин ќе ја одделите работната површина од Вашите лични простори.

  1. Дефинирајте јасно работно време

Започнете го работниот ден во периодот кога знаете дека сте најпродуктивни и фокусирани. Важно е да ги поставите границите и да се придржувате до нив, ако сакате да ја одржите продуктивноста како во канцеларија. Ставете им до знаење на Вашето семејство и пријателите дека и покрај тоа што работите од дома, не сте подготвени да се дружите со нив во овие часови. Можете накратко да разговарате со нив за време на Вашите паузи, што може да биде добро за Вашето позитивно расположение.

  1. Оставете ги домашните работи за подоцна

Знаеме дека е прилично примамливо да се уклучи машината за миење садови или да се обнови градината, но овие активности значајно ќе влијаат на Вашиот фокус. Не е паметно случајно да ги мешате активностите поврзани со Вашиот дом и Вашите професионални обврски, затоа што на крајот на денот ќе се чувствувате исцрпени и со незавршени работни задачи. Наместо тоа, издвојте одредено време да работите нешта што не се поврзани со професијата, за да можете паметно да го искористите Вашето време.

  1. Одморете се со теретана

Ова звучи како совршена идеја се додека ја испланирате правилно. Вашето физичко здравје е под поголем ризик додека работите од дома. Кога сте во канцеларија, несвесно се движите  во текот на денот – до Вашиот автомобил, на пауза за ручек или само за да излезете на свеж воздух. Но, ако не сакате да одите во теретана, можете да ја создадете теретаната во Вашиот дом. Сè што треба да направите е да дефинирате еден час од денот, да откриете неколку вежби на Интернет и подготвени сте за вежбање! Вежбањето ќе даде позитивен придонес не само за телото, туку и за Вашиот мозок!

Дали имате некои лични навики кои Ви помагаат да се фокусирате додека работите од домс?

Споделете ги со нас Вашите професионални искуства!

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%B0-%D0%BE%D0%B4-%D0%B4%D0%BE%D0%BC%D0%B0-%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%BE-%D0%B4%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D0%B7">