Се уште не купивте подарок за 8ми Март?

Уште само неколку дена преостануваат до 8ми Март, Меѓународниот ден на жената кој е симбол за борбата за еднаквост на жените ширум светот. Со оглед на краткиот временски период, прашањето за подароци се повеќе се актуелизира, па затоа ние одлучивме да Ви дадеме уште неколку интересни идеи, кои со сигурност ќе ја израдуваат секоја дама.

Со оглед на тоа дека имаме се повеќе сончеви денови, добрите очила за сонце се секогаш одличен избор. Без разлика дали станува збор за дама со елегантен стил, или пак урбана девојка, во Оптика “Интер Оптик” можете да одберете очила од светски брендови со одличен квалитет. Одличната услуга и професионалност ќе Ви помогнат да ги одберете очилата кои најмногу би и одговарале на Вашата дама, бидејќи токму тие се задолжителен моден детал за секоја жена.

Бидејќи знаеме дека ретко која девојка или жена не сака шопинг, дополнително парче облека во плакарот е секогаш добредојдено. Уникатното парче облека или некој моден додаток се подароци со кои навистина не можете да погрешите, со оглед на тоа дека секоја дама се труди да ги прати модните трендови и сака да биде модерна. Модниот бренд “MOSSO” е синоним за елеганција и префинетост, кој го носи стилот на урбана девојка и модерна жена. Секогаш во чекор со најновите модни трендови, MOSSO ќе Ви помогне да ја изненадите жената со одлично парче облека или марама од нивната најнова колекција.

За дамите кои водат живот со доста брзо темпо, идеален подарок би бил ден кој ќе биде целосно посветен на нив, за да можат да се опуштат и да се релаксираат. Ден поминат во некој убав салон за убавина е нешто на кое со сигурност би се израдувале најмногу. Третманите за убавина се нешто што и е потребно на секоја жена, за да се чувствува секогаш пријатно и опуштено. Третман за нега на лице, релаксирачка масажа, или пак маникир и педикир се подарок кој сигурно ќе донесе насмевка на нејзиното лице. Студио за убавина “La Sensa” нуди одлични услуги и третмани кои ги вршат високопрофесионални лица. Тие дефинитивно ќе се погрижат секоја дама да се почувствува негувана и сакана.

Овие одлични понуди и уште многу други можете да ги пронајдете на Qpick апликацијата, достапна за Андроид. И запаметете: каков подарок и да одберете, сигурни сме дека на Вашата дама многу ќе и значи. Најубавиот подарок, е секако љубовта.

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%81%D0%B5-%D1%83%D1%88%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B5-%D0%BA%D1%83%D0%BF%D0%B8%D0%B2%D1%82%D0%B5-%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%BA">