Топ шопинг дестинации на Балканот

Сезоната на празниците помина, а за оние кои размислуваат да одат на шопинг, овој период од годината е вистинско време да ги искористите бројните попусти, а истовремено и да ги избегнете големите гужви.
Во прилог Ви предложуваме неколку интересни дестинации каде што сигурно Ве очекува добар шопинг.

Солун – Mediterranean Cosmos

Покрај тоа што е еден од најстарите градови во Европа, Солун е и синоним за метропола на спортот, уметноста, историјата и секако, добриот шопинг. Овој град одамна претставува симбол за добра шопинг дестинација и тоа со причина.
Во источниот дел на Солун се наоѓа Mediterranean Cosmos, кој е отворен во 2005 година и е познат како еден од најголемите трговски центри на Балканот. Секојдневно, низ неговите врати минуваат илјадници посетители, привлечени од бројните продавници за мода и електроника, кафулиња, ресторани, 11 мултиплекс кино сали и супермаркети. Привлекува неверојатен број како домашни, така и странски посетители кои се најбројни за време на викендот. Познато е дека од овој трговски центар речиси никој не излегува со празни раце.

Софија – Paradise Center

На сите шопинг фанатици познато им е дека Paradise Center е најголемиот трговски центар во Бугарија. Поделен е на четири зони, а секоја од нив е поинаку дизајнирана. Булеварот, кањонот, терасата и градината се одделни зони, кои имаат сопствен стил и концепт. Вториот кат е посветен на забавата, со четири ресторани, лизгалиште, куглана и 14 кино сали. На третиот кат е отворен фитнес центар, терен за тенис и уште неколку кафулиња. Четвртиот кат е резервиран за забавен парк, каде можат да уживаат посетители од секоја возраст.

Букурешт – AFI Palace Cotroceni

Овој трговски центар е најголем и најпосетен во Романија. Се наоѓа на одлична локација во Букурешт и во просек го посетуваат околу 50.000 посетители дневно, т.е. 20 милиони годишно! Во него се стационирани околу 350 продавници од домашни и странски брендови. Покрај тоа, центарот располага со неколку кино сали, лизгалиште кое е отворено во текот на целата година, како и огромно игралиште за најмладите. Не е изненадувачки зошто толку многу луѓе од цела Европа повторно се врачаат во посета на овој трговски центар.

Кој од овие трговски центри сте имале можност Вие да го посетите? Пишете ни кој од нив би сакале да се најде на Qpick за да имате можност да ги разгледате локалните понуди уште пред да тргнете на шопинг.

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%82%D0%BE%D0%BF-%D1%88%D0%BE%D0%BF%D0%B8%D0%BD%D0%B3-%D0%B4%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D0%B1">