3 модни комбинации за девојки со урбан стил

Есента веќе пристигнува, а со неа пристигнуваат и многу нови модни трендови кои би требало да ги разгледате и да го изберете оној кој најдобро соодветствува на Вашиот стил. Есенските парчиња облека треба да ги искомбинирате да изгледаат убаво, а истовремено да бидат удобни. Ако не сте сигурни кој е совршениот избот за Вашиот стил, тогаш ние имаме неколку предлози за совршена есенска модна комбинација:

Фармерки со рамен крој и високи потпетици

Ова е класичен изглед кој совршено одговара за дневно или вечерно излегување, но одличен е и за деловни состаноци. Оваа модна комбинација е одлична за моментите кога не можете да одлучите што да облечете, бидејќи навистина не можете да погрешите. Единствено што треба да направите е да одберете темни фармерки со висок квалитет и удобни потпетици и спремни сте за забава.

Црн фустан и плетен шал

Плетениот шал е одличен избор за ладните есенски денови. Без разлика дали ќе одберете во шарен или во една боја, тој е супер додаток на Вашиот стил. Доколку сакате да го збогатите Вашиот едноличен црн фустан, единствено што треба да направите е да одберете квалитетен шал, со богат изглед, кој не само што ќе направи да се чувствувате одлично, туку и да изгледате така.

Карирано сако и црни панталони

Добро познато е дека на есен, девојките најчесто се одлучуваат за темни комбинации, па доколку сакате да се издвоите од толпата, заменете го Вашето црно сако со карирано. На овој начин, ќе додадете свежина на Вашиот изглед и ќе можете лесно да вметнете разиграни бои, за да ја разбиете црната, монотона боја. Внимавајте при изборот на сакото, истото да одговара на формата на Вашето тело, а истовремено да биде и удобно.

Се надеваме дека Ви помогнавме да се чувствувате удобно и да изгледате модерно со овие урбани комбинации. Секако, доколку Ви недостасува некое парче облека, секогаш можете да ги прелистате новите промоции на Qpick и да ги искористите бројните попусти.

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-3-%D0%BC%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%B1%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%B4%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D1%98">