3 make-up трендови кои ќе доминираат оваа сезона!

Ако сте опседнати со шминка, најверојатно се прашувате дали ќе треба да ја обновите вашата колекција или трендовите нема да се променат значително.
Она што е сигурно е дека годинава ни носи бои и енергија на нашите лица, оставајќи доволно простор за нагласување на природната убавина и постигнување на no makeup изгледот. Тоа ќе биде година која ќе се запамети – нема монотонија, нема клонови, туку напротив, многу имагинација и бои.
Во прилог Ви откриваме кои трендови за убавина Ве чекаат во 2019 година.

Светли усни
Смелите усни се особено популарни. Оваа година видовме толку многу смели усни на црвениот килим – особено црвена, виолетова и портокалова. Ние живееме во време каде што може да многу да се експериментира со шминката. Деведесеттите беа исто така период на експериментирање со изгледот, па затоа и не изненадува дека оние кафени усни повторно се вратија. Но, треба да бидете внимателни. Прифаќање на трендот на смели усни може да биде особено незгоден доколку не сте навикнати да го носите.

Задебелени веѓи
Оваа година треба да се откажете од прикривање на надворешноста на Вашите веѓи. Нагласени веѓи се секогаш во стил и ќе ги гледаме многу повеќе во 2019 година. Темните веѓи со силна и совршена форма и должина, претставуваат трендот кој се повеќе се следи. Дури и ако имате ретки веѓи, не плашете се да земете тенок молив и да ги доцртате. Од аспект на обликот, секогаш стремете се кон закосени веѓи, ова им дава убава форма и ги отвара очите.

Моливи за очи во боја
Нешто што е особено ин во моментов се моливчиња за очи во боја. Тоа не е нешто ново, но за време на сезоната на награди видовме толку многу боја – различни нијанси на сино и зелено доминираа на очите.
Што значи дека, она што треба да направите е да инвестирате во моливи за очи во боја, на пример, сина маскара заедно со сино моливче – кул и модерна комбинација за која и нема потреба да имате толку техничко знаење за да ја примените. Исто така, треба да се обидете со молив за очи со бронзена нијанса, наместо традиционалната црна или кафеава боја.

Најважниот тренд е да го практикувате она што прави да се чувствувате најдобро и најудобно. Не плашете се да ризикувате, пробајте нешто ново и, се разбира, бидете свои!

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-3-make-up-%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D0%BE%D0%B2%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%B8-%D1%9C%D0%B5-%D0%B4%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%80">