5 Маркетинг трендови за 2019

Пристигна новата 2019 година, а со тоа и новите очекувања и предвидувања за тоа што ќе биде “ин” во сферата на дигиталниот маркетинг.
Имено, се поголем број на компании ги креираат своите маркетинг стратегии и буџети врз основа на плановите за рекламирање на интернет, а главните причини зошто рекламирањето преку Интернет зема се поголем замав се бидејќи е поевтино, поефикасно и допира до поголем број на луѓе од целната група.
Токму поради тоа, во прилог ќе Ви откриеме се што треба да знаете за ефикасен дигитален маркетинг и на што треба да обрнете внимание оваа година.

“CONTENT” МАРКЕТИНГ
Кога станува збор за дигиталниот маркетинг на прво место секогаш е поставување на содржина која има вистинска вредност за Вашата целна група и која е релевантна, корисна, интересна и информативна. Привлекувањето на вниманието на корисникот со реклама што изгледа интересно не е доволно, бидејќи доколку Вашите корисници не видат или не прочитаат нешто за што навистина се заинтересирани, нема воопшто да кликнат на рекламата.
Затоа “content” маркетингот зазема важно место во дигиталната сфера на рекламирање и ќе продолжи да биде еден од главните методи што треба да ги користите во 2019 година ако сакате успешна дигитална кампања.

ИНСТАГРАМ: АКЦЕНТ НА ИНФЛУЕНСЕРИ ОД СРЕДЕН РАНГ
Ако се земе предвид дека неколку стотици милиони луѓе секојдневно користат Instagram Story, не е ни чудо зошто оваа алатка претставува еден од најпопуларните бесплатни онлајн промотивни канали. Иако содржината ќе биде избришана за 24 часа, ова е одличен начин за промоција на Вашиот бизнис и токму затоа треба да Ви биде омилено место за објавување на нови и оригинални содржини.
Ако зборуваме за платено рекламирање на Инстаграм, маркетингот преку инфлуенсери е сеуште доста популарен. Сепак, во 2019 година, се очекува акцентот да биде ставен на инфлуенсерите од среден ранг (оние кои имаат до 50.000 следбеници), бидејќи се покажа дека тие имаат поголем кредибилитет кај публиката.

ВИДЕО МАРКЕТИНГ
Последниве неколку години креирањето на видео содржини станува се повеќе популарно и затоа со право започна да се издвојува како посебна форма на маркетинг, што подразбира и создавање на посебна маркетинг стратегија. Според информациите наведени во Водичот за видео маркетинг, објавен од страна на компанијата HubSpot, повеќе од 50% од корисниците очекуваат видео содржини од брендовите кои ги следат, а исто така, се наведува и дека 90% од клиентите донесуваат одлука за онлајн шопинг по преглед на видео за конкретниот производ.
Токму затоа, наша препорака е видео содржините да бидат задолжителен дел од вашата маркетинг стратегија за 2019 година.

АУДИО МАРКЕТИНГ
Кога станува збор за аудио маркетинг, пред сè, се мисли на подкасти, кои периодов се стекнаа со голема популарност и со тоа станаа еден од најважните алатки за промоција. Слично на блогот, подкастот не е канал што се користи за дирекно рекламирање, туку претставува еден вид на “content” маркетинг. Подкастот е идеално решение за споделување на корисни совети со Вашите клиенти, или пак интервјуа со успешни колеги. На овој начин градите репутација и можност да придобиете лојални следбеници или слушатели.

ПЕРСОНАЛИЗИРАНИ ОГЛАСИ
Откако е создадена опцијата за рекламирање на Google, исто така постои и таргетирано поставување на овие реклами и тоа врз основа на личните желби на корисниците.
Затоа наш совет е да издвоите време и да направите темелно истражување за однесувањето, навиките и потребите на луѓето од вашата целна група. На овој начин, многу полесно ќе создавате персонализирани реклами кои оваа година ќе бидат во тренд, а со тоа и полесно ќе успеете да придобиете нови клиенти.
Кога станува збор за оригинално рекламирање на Вашиот бизнис, Qpick е стартап кој Ви нуди новитет во областа на дигиталниот маркетинг, а со крајна цел – побрзо остварување на посакуваните цели на нашите клиенти.
За подетални информации можете да ја посетите нашата Веб страна www.qpick.mk.

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-5-%D0%BC%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%B5%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B3-%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D0%BE%D0%B2%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-2019">