5 модни блогерки кои морате да ги заследите

Модните блогови ја стекнаа својата популарност околу почетокот на 2000-тите, но денес, водењето на блог е сериозна работа и начин на живот.

Ако земеме предвид колку блогери се во игра последниве неколку години, навистина е тежок предизвик да се одберат оние кои се најдобри. Меѓутоа, доколку навистина сакате да бидете во тек со најновите модни трендови, Ви претставуваме неколку кул блогерки кои мора да ги заследите.

  1. Chiara Ferragni, The Blonde Salad

Кјара е неверојатна италијанска девојка во светот на модниот бизнис. Таа е моден инфлуенсер кој соработува со многу познати брендови за мода и убавина. Во септември 2017 година, таа беше рангирана на прво место на списокот “врвни модни инфлуенсери” на Форбс. Денес, таа има над 16 милиони следбеници на нејзиниот профил на Инстаграм.

  1. Blair Eadie, Atlantic-Pacific

Овaa моднa блогерка има повеќе од 1,3 милиони следбеници на Инстаграм, и веќе осум години води блог за својот максималистички стил. Таа се најде на 26-тото место на листата за најмоќниот блогер на Инстаграм. Уште од мала, покажувала голем интерес за модата, гламурот и шминката.

  1. Julia Engel, Gal Meets Glam

Таа започна со Gal Meets Glam како студент во 2011 година. Со текот на годините, таа ја доби титулата на моден инфлуенсер благодарение на нејзиниот блог, кој привлекува илјадници читатели месечно. Заедно со нејзиниот блог, таа води и многу популарен профил на Инстаграм, кој брои повеќе од 1,2 милиони следбеници.

  1. Aimee Song, Song of Style

Оваа млада девојка многу рано стана дел од модниот свет. Денес, нејзиниот блог Song of Style има преку 2 милиони прегледи секој месец. Таа започна со водење на свој блог во 2008 година, кога студирала Архитектура во Сан Франциско. Со повеќе од 5,2 милиони следбеници на Инстаграм, таа е навистина моден инфлуенсер во вистинската смисла на зборот. “Song of Style” се трансформираше во индивидуална онлајн платформа, вклучувајќи и канал на YouTube кој таа активно го води во последните неколку години.

  1. Julie Sariñana, Sincerely Jules

Оваа успешна млада дама го основа Sincerely Jules во Февруари 2009 година. Се започна како едноставно креативно место, каде што таа ги објавувала сите нејзини дневни инспирации, мисли и фотографии. Со текот на времето Sincerely Jules стана главна дестинација за модни инспирации, што ја направи Џули светски моден и животен инфлуенсер, со повеќе од 5,2 милиони следбеници на Инстаграм.

Ако сакате да ги следите најновите трендови и да бидете во тек со модата, приклучете се на Qpick и проверете што е ново од Вашиот омилен бренд!

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-5-%D0%BC%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8-%D0%B1%D0%BB%D0%BE%D0%B3%D0%B5%D1%80%D0%BA%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%B8-%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B5">