5 СОВЕТИ ЗА ПАМЕТЕН ШОПИНГ

Добро познато е дека шопингот често може да биде бурен и стресен процес и често се случува да потрошите многу повеќе од планираното, или пак да купите некое парче облека за кое подоцна ќе сфатите дека не било баш добар избор.
Затоа, во прилог Ви даваме неколку совети како да го испланирате Вашиот шопинг:

Направете шопинг план и тргнете со определен буџет
Најголемата грешка која можете да ја направите е да ги потрошите своите пари на првото нешто што ќе Ви се допадне. Затоа, пред да тргнете на шопинг најдобро би било да го разгледате својот плакар и да размислите што во моментов Ви е неопходно. Наредната важна задача е да одлучите колкав буџет сте подготвени да одвоите за планираниот шопинг. Купете ги неопходните работи, а ако заштедите пари дозволете си нешто дополнително.

Купувајте облека која може да ја искористите за повеќе комбинации
Повеќето шопинг експерти советуваат да следите едно важно правило кога одите на шопинг: Kупуваjте облека која подоцна ќе бидете во можност да ја комбинирате со нешта кои веќе ги имате и така да создадете три убави комбинации. На овој начин, секогаш ќе изгледате како да сте купиле нешто ново.

Одберете добар шопинг придружник
Сите знаеме дека шопингот со најдобрите пријателки и вистинско уживање, меѓутоа кога се обидувате да заштедите ова и не е најпаметен избор. Најдобар чекор за Вас би било да одберете една блиска пријателка, која нема премногу да Ви го одвлекува вниманието и искрено ќе Ви каже дали некое парче облека Ви прилега или не.

Ако нешто е на распродажба, не значи дека мора да го купите
Секако дека најважен дел за време на шопингот е да размислите дали тоа парче облека навистина Ви треба. Доколку станува збор за нешто кое ќе го користите подолго време и се вклопува во повеќе комбинации, тогаш и не е толку страшно ако го платите поскапо. Погрешно е толкувањето дека ако нешто е на попуст, тогаш навистина се исплаќа да го имате. Правилното размислување е дали некогаш ќе го облечете.

Секогаш е подобро да чекате попуст
Една добра стратегија која се поголем број на шопохолици ја применуваат е пазарење вонсезонски. Добро познато е дека повеќето брендови нудат големи попусти штом заврши сезоната. Доколку навистина сакате да имате некое скапо парче облека, почекајте некој месец кога ќе можете да го купите на половина цена и уживајте во него наредната сезона.
Докажано најдобар начин да заштедите е да ги следите сите попусти. А најлесен начин да го направите тоа е да се приклучите на Qpick и секогаш да бидете во тек со последните попусти и најновите колекции од Вашите омилени брендови.

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-5-%D1%81%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%B5%D0%BD-%D1%88%D0%BE%D0%BF%D0%B8%D0%BD%D0%B3">