6 парчиња облека кои ќе доминираат оваа есен!

Без оглед на тоа дали ги следите најновите модни трендови, постојат неколку основни парчиња облека кои одговараат на многу комбинации, па лесно можете да ги вклопите со останатата облека во Вашиот плакар. Доколку планирате да го обновите Вашиот гардеробер оваа есен, погледнете го нашиот список кој Ви открива која облека ќе биде во тренд оваа сезона:

Карирано здолниште
Добро познато е дека карираниот дезен е дезен на есента, па со право влегува во листата на must-have облека за сезоната што предстои. Ова здолниште можете да го вметнете во многу комбинации, без разлика дали станува збор за вечерно излегување, деловен состанок или вечера, бидејќи е одличен за секоја прилика. Постојат карирани дезени во кои преовладува кафената, сивата или бојата со нијанса на вишна, па останува на Вас да ја одберете онаа која најдобро ќе му прилега на Вашиот стил.

Тексас јакна
Тексас јакните повторно се вратија на модните писти, уште минатата сезона, па доколку сеуште немате ваква јакна сега е време да ја купите. Тексас јакните можете да ги вметнете во многу спортски комбинации, а исто така одлични одат и со едноставен фустан и патики. За боите навистина не мора да се грижите, бидејќи тексас јакните одговараат речиси на секоја боја, но ако сакате да ја носите повеќе сезони, одберете класичен модел.

Мал, црн фустан
Овој фустан е неизбежен дел во стилот на секоја жена. Одличен е за секоја сезона, меѓутоа најдобро би Ви прилеган во есен, со високи чизми или потпетици со бордо боја. Класично парче облека, кое е одличен избор секогаш кога не сте сигурни што да облечете. Секако постојат различни модели, па најдобро би било да одберете фустан кој ќе одговара на Вашиот облик на тело. Доколку се двоумите помеѓу повеќе, одберете го оној со рамен крој и кратки ракави, нема да погрешите.

Темни фармерки
Темните тексас фармерки веќе со години претставуваат парче облека кое може да се најде скоро во сечиј плакар. Одлични се за есента, бидејќи можете да ги облечете како за спортски, така и за поелегантни комбинации, без оглед на временските услови. Најважната работа на која треба да внимавате при изборот на фармерките е секако, нивната удобност. Без разлика дали ќе ги комбинирате со кожна јакна, сако, високи чизми или патики, тексас фармерките ќе Ви помогнат да изгледате и да се чувствувате одлично.

Сако
Есента е одлично време да инвестирате во ова парче облека, со оглед на тоа дека сакото секогаш е во мода. Изминатите неколку сезони особено се карактеристични моделите со силни, изразени бои, меѓутоа доколку се одлучите само за едно сако, тогаш најдобро би било тоа да е со класичен крој, црн или тегет во зависност од тоа која боја најмногу ја има во Вашиот плакар.

Црни класични панталони
Исто како и црниот фустан, класичните црни панталони се парче облека кое одлично одговара за секоја прилика и секоја сезона. Удобни се, па затоа ќе ги носите со неверојатна леснотија. Уште една одлична предност на овие панталони е што воопшто не се скапи и се лесно достапни за сите.

Есента е одличен период да ги купите омилените парчиња облека, па затоа не треба да се плашите да експериментирате. Најважно од се е да се чувствувате пријатно во своја кожа и да го сакате она што го носите.
Секако, секогаш можете да се приклучите на Qpick и да ги видите новите колекции и попусти кои и оваа есен ги обезбедивме за Вас.

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-6-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D1%87%D0%B8%D1%9A%D0%B0-%D0%BE%D0%B1%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%B8-%D1%9C%D0%B5-%D0%B4%D0%BE%D0%BC">