Qpick меѓу 10те најдобри Стартапи!

Веќе 7ма година по ред, Startup Lithuania организира меѓународна стартап конференција во Вилнус. Оваа година Qpick го имаше задоволството да биде избран меѓу 10те најдобри стартапи, во трката со 44 иновативни компании кои влегоа во потесен круг!

Конкуренцијата беше доста силна, ако се земе предвид дека оваа година учествуваа двојно повеќе компании во споредба со минатата, односно дури 118 иновативни компании од 25 земји во светот аплицираа за учество на натпреварот за најдобар стартап.

Стартапите беа оценувани од страна на меѓународна комисија која се состоеше од инвеститори, претставници на акцелератори и други експерти од светот на стартап екосистемот. Задоволството е уште поголемо, кога сме свесни за фактот дека токму овие врвни експерти го сместија Qpick на листата меѓу најдобрите во светот!

Компаниите кои влегоа во потесен круг се од сферата на различни области, меѓутоа доминираа: финансиските технологии, науки за животот, сајбер-безбедноста, cloud computing, како и иновациите во областа на земјоделството. За да ги развијат своите активности, многу од стартапите користат најнови технологии како вештачка интелигенција, автоматско учење, block chain и слично.

Нашите цели се доста големи и стремиме кон понатамошна интернационализација на Qpick! Секако, имаме особено голема поддршка од сите наши партнери Startup Wise Guys, Ohridska Banka Societe Generale и Фонд за иновации и технолошки развој, но најмногу од трговците кои одлучија да соработуваат со нас и ни дадоа апсолутна доверба! Следете не и понатаму и очекувајте многу повеќе изненадувања и успеси наскоро!

 

Блогот е оригинално објавен на https://medium.com/@Qpick

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-qpick-%D0%BC%D0%B5%D1%93%D1%83-10%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B8-%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%B0%D0%BF">