Иднината на шопингот

На шопингот повеќе не се гледа како на едноставно посетување на продавници во живо и купување на добра, туку се гледа како на онлајн дејствие кое може да се спроведи преку користење на онлајн услуги понудени на интернет. Во текот на годините, маркетингот се докажал како основен концепт за создавање на производи и услуги и продавање на истите на потрошувачите, секогаш стремејќи се да се развива подобар метод од понудениот од страна на конкуренцијата.

Со воведувањето на интернетот како неразделив дел од секојдневниот живот на луѓето, основниот маркетинг концепт полека започнал да се насочува кон имплементација на дигиталните технологии како дел од дигиталната маркетинг стратегија на компанијата. Како резултат, се развил дигиталниот маркетинг концепт и се зголемило користењето на дигитални уреди и онлајн услуги.

Дали дигиталната технологија ја гравира иднината на шопингот?

Дигиталниот, или онлајн маркетингот, започнал сè повеќе и повеќе да се користи од страна на бизнисите уште од моментот кога луѓето започнале да го поминуваат сопственото време на интернет. Дигиталниот маркетинг е заеднички термин за онлајн маркетинг алатките како што се: веб-страни, блог, eBook, социјални медиуми, брошури и повеќе. На секоја дигитална маркетинг агенција ѝ се препорачува да ги користи овие маркетинг алатки, со цел да постигне успех во понудата на производи и услуги на потрошувачи преку интернет. Предностите од онлајн шопингот и дигиталниот маркетинг се состојат од набљудување на сообраќајот на веб-страната и обсервација на перформансите на онлајн содржината. Компаниите, како Qpick, го користат онлајн маркетингот со цел да ги следат првите контакти на потрошувачте со понудените производи или услуги, без оглед дали тој ист потрошувач купил нешто претходно или не.

Што ќе донесе иднината?

Дигиталниот маркетинг и е-трговијата го променија целосно концептот на шопингот и ќе продолжат да го менуваат и во иднина. Денес, луѓето повеќе не посетуваат трговски центри за да ги купат производите што им требаат. Наместо тоа, тие одлучуваат да спроведат онлајн истражување и да ги купат производите без да одат до потребната продавница. Според Форбс, онлајн шопингот им овозможува на потрошувачите да „знаат точно што има на залиха и каде“ без да го напуштаат комфорот на своите домови, поради што трговските центри постепено се затвораат.

Иднината на шопингот ќе донесе уште повеќе нови технологии и подобрувања, како што се: помош од роботи, испорака преку дронови, дигитални батлери и многу други. Но сепак, дури и најдобрата е-трговија може да креира неповолност какошто е неможноста да се допре или види производот лично пред да се купи. Онлајн шопингот најверојатно ќе продолжи да се подобрува и да се стреми да ги надмине сите неповолности. Дали дигиталниот маркетинг и онлајн шопингот ќе се подобрат до тој степен што потрошувачите ќе имаат можност да ги допрат и видат производите од нивните домови? Останува на иднината да ни покаже до кој  екстрем ќе раастат дигиталниот маркетинг и онлајн шопингот.

Еве интересно видео од Business Insider во кое се предвидува иднината на шопинг центрите:

Какво е Вашето мислење за иднината на шопингот? Доколку Ви се допадна она што го прочитавте, регистрирајте се на нашата платформа и останете информирани со нас.

DownloadQpickApp

You May Also Like

About the Author: Qpick

Напишете коментар

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/%D1%82he-future-of-shopping">