Уникатен накит кој го одзема здивот

За да бидете незаменливи, секогаш мора да бидете поинакви ” – Коко Шанел

Сигурно знаете дека секое парче накит има душа, но рачниот накит има своја уникатна душа создадена со премногу љубов и креативност. Овој накит има толку многу различни варијации, но на нашите територии филигранството е она кое не навраќа во минатото затоа што истото претставува наше наследство.

Уметноста на создавање на филигрански накит се состои од цврсто свиткување на нежно сребро со што се создаваат прекрасни складни облици, а комплексноста лежи во воведувањето на елементот на простор во она што всушност би било цврст предмет. Токму ова е суштинскиот елемент кој го одвојува филигранството од сите други видови накит како и особено истенчениот вкус, чувствотото за необични креации и најважно љубовта кон оваа уметност.

Eklektika е една таква модерна приказна создадена од двајца дизајнери на накит во срцето на старата скопска чаршија – Капан Ан. И додека Моника вели дека нејзиниот дизајн е главно резултат на среќните исходи, кај Александар главна инспирација е душата на конкретната личност за која го изработува накитот. Но и покрај ова тие секогаш се надополнуваат еден со друг и на тој начин создаваат парчиња накит кои се уникатни и неповторливи, а нивниот еклектичен стил е она што ги прави препознатливи и единствени.

 

You May Also Like

About the Author: Qpick

Напишете коментар

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/%D1%83%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BD-%D0%BD%D0%B0%D0%BA%D0%B8%D1%82-%D0%BA%D0%BE%D1%98-%D0%B3%D0%BE-%D0%BE%D0%B4%D0%B7%D0%B5%D0%BC%D0%B0-%D0%B7%D0%B4%D0%B8%D0%B2%D0%BE%D1%82">