
Нема сомнение, станува збор за една од најмоќните платформи за социјално вмрежување со големо ветување за бизнисите. Единствената можност – прикажувањето преку визуелна содржина и широкиот спектар на филтри придонесува за поинаков изглед и чувство на сликите, а преку тоа и пренесување на духот и посакуваната порака.
Денес бизнисите се повеќе и повеќе реагираат на оваа брзорастечка платформа, и ако ги анализираме првите 100 брендови во светот, 90% од нив имаат профил на Instagram.
Зошто инстаграм?
Во моментов инстаграм може да се пофали со повеќе од:
– 500 милиони активни корисници
– 25 милиони бизниси
– 300 милиони дневно се активни корисници на story
– 95 милиони фотографии се споделуваат дневно
– 4.2 билиони лајкови на ден
Еве и неколку интресни факти:
– Повеќе од 40 милијарди фотографии се поставени на Instagram досега.
– Кога Instagram ги претстави видеата, 5 милиони видеа беа поставени во првите 24 часа.
– Најпопуларните хаштагови на Instagram се #Love, #Instagood, #Me, #Cute и #Follow.
– Најкористено емотиконче на инстаграм е црвеното срце, кое е 79% повеќе користено од второто најкористено емотиконче смајлито со очите како срциња.
– Пицата е на врвот од храните кои се најсподелувани на инстаграм дури со 19.701.393 споделувања.
Како Инстаграм продолжува да расте, се повеќе и повеќе луѓето дознаваат за брендовите преку оваа платформа. Главниот фокус – визуелизацијата односно развивањето на визуелниот идентитет за Вашиот бренд е главен поттик зошто многу бизниси се одлучија активно да ја користат оваа платформа.
Доколку се уште немате Instagram профил за Вашиот бизнис, наш совет е тоа веднаш да го направите.
Во иднина ќе пишуваме за стратегии и тактики кои треба да ги искористите во Вашиот план за оваа платформа.
Дотогаш може да ги погледнете и другите блогови на Qpick.