Четири техники за стекнување на лојални клиенти

Добро познато е дека во бизнисот, една од основните цели е клиентите да продолжат да се враќаат. Истражувањата покажуваат дека зголемувањето од 5 проценти во задржувањето на клиентите резултира со 25 проценти поголема деловна добивка. Полесно е да се задржат постојните клиенти, бидејќи тие веќе му веруваат на Вашиот бренд.
Ако се прашувате како можете да ги задржите Вашите клиенти без непотребно да ги вознемирувате, во прилог Ви откриваме четири техники што ги користат многу успешни бизниси, со цел да ги поттикнат своите клиенти повторно да извршат купување на нивен производ или услуга:

Помогнете им на Вашите клиенти да решат конкретен проблем

Ако сакате да изградите долгорочен однос со Вашите клиенти, паметен чекор е да им помогнете да решат конкретен проблем со кој се соочуваат веќе подолго време. Денес можат да се пронајдат илјадници содржини на Интернет, но не сите се корисни. Затоа, паметно би било да споделите совети, предлози и идеи за тоа како да се одберат најдобрите производи и како правилно да се користат.
Кога пуштате објави на Фејсбук кои можат да се појават кај Вашиот клиент, треба да бидете сигурни дека објавувате содржина што има за цел да ги научи нешто повеќе Вашите клиенти и да има одредена вредност за нив. Тие ќе го почитуваат овој пристап и повеќе ќе го ценат Вашиот бренд.

Таргетирајте ги клиентите со специјални понуди

За да го прилагодите Вашиот пристап кон секој поединечен клиент, треба да соберете што е можно повеќе информации за нив.
Со помош на Вашиот CRM софтвер, можете да ја проверите историјата на купување на Вашиот клиент и можете да одлучите каква понуда ќе биде најпогодна за секој клиент индивидуално. На овој начин, можете да ја зголемите релевантноста, што ќе ги поттикне клиентите почесто да размислуваат за Вашиот бренд.
Треба да бидете креативни и да откриете начини да го оживеете нивниот интерес, што подоцна ќе го конвертирате во вистинска продажба! Внимателно набљудувајте што сакаат Вашите купувачи и понудете им совршен производ за нивните потреби!
Исто така, можете да креирате список со сите клиенти кои не извршиле купување подолг временски период, но сепак сеуште се претплатени на Вашиот блог. Потоа, испратете им меил со специјална понуда за нови производи, па така ќе забележат дека не сте заборавиле на нив.

Испратете меил што би предизвикал активност

Е-поштата е одличен начин за одржување на врската со Вашите клиенти по првичното купување. Но, не можете само да испратите било каква порака. Многу е важно секоја порака што ја испраќате да додаде вредност на купувачкото искуство на Вашиот клиент, затоа што ако не е така, постои голем ризик дека ќе го изгубите. За почеток, треба да создадете follow-up мејлови. Една недела по првото купување на клиентот, испратете им меил со благодарност што ја направиле таа набавка. Ова ќе предизвика позитивна реакција и ќе ги натера Вашите клиенти да се чувствуваат добро во врска со нивната одлука да го купат тој производ од Вас. Покрај тоа, можете да препорачате некои производи што го надополнуваат првото купување.
По првичната порака, се препорачува редовно да испраќате персонализирани пораки. Може да испраќате покани за претстојна продажба и промоции за нови производи, со цел да го одржувате разговорот со купувачите.

Наградете ги Вашите најредовни клиенти

Вашиот CRM софтвер има информации што можат да Ви покажат кој од Вашите клиенти Ви носи најголем профит. Она што треба да направите е да се фокусирате на одржување на врската со тие клиенти, бидејќи тие се Вашите клучни сметки. Ако знаете кој Ви носи најмногу приходи, ќе можете ефикасно да го распределите Вашето време и ресурси.
ДОколку сакате уште повеќе да ја зголемите нивната лојалност, паметна работа е да им дадете некаков вид награда. Попусти, бесплатни производи или производи со ограничено издание. Од Вас зависи.
Сè што треба да направите е да креирате список на Вашите VIP клиенти во CRM софтверот, за да можете да започнете да ги информирате за наградите. Ова дефинитивно ќе ги направи да се чувствуваат посебно и тие ќе продолжат да бидат Вашите најпрофитабилни клиенти!

Без оглед на тоа дали ќе се одлучите за една од овие стратегии, или пак комбинација од истите, запомнете дека на клиентите треба да им го понудите она што навистина им е потребно и го сакаат.

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/4-customer-retention-techniques-that-really-work">