5 Маркетинг стратегии за бизниси со мал буџет

Со цел да придобиете што е можно повеќе клиенти, неопходно е да го промовирате Вашиот бизнис. Но, доколку за оваа цел имате на располагање мал буџет за маркетинг, најверојатно нема да можете да го потрошите на билборди, радио реклами и масовни пораки. Она што навистина Ви е потребно се ефикасни маркетинг методи, а овие идеи можат да Ви помогнат да ги добиете најдобрите маркетинг резултати кога располагате со ограничен буџет:

Контент маркетинг

Контент Маркетинг или маркетинг на содржина е процес на создавање и дистрибуирање на вредна и релевантна содржина, што ќе Ви помогне да привлечете и задржите одредена публика. Овој вид маркетинг обично се фокусира на долгорочни резултати, т.е. на одржлив раст на клиентите, посетителите и бизнисите. Најчестиот пристап е да креирате сопствен блог, каде што редовно можете да објавувате содржини и на тој начин да ги информирате и забавувате читателите. Според некои истражувања, блоговите се 5-тиот најсигурен мрежен ресурс. А во случај да се прашувате колку време е потребно да се напише квалитетна статија за блог, повеќето блогери велат дека поминуваат околу 1-3 часа на секоја статија. Значи, креирање на блог за Вашиот бизнис би бил одличен чекор, бидејќи може да создаде поголем пазар за Вашите производи и/или услуги. Но, Контент маркетинг не е ограничен само на блоговите. Инфографики, видеа и објави, исто така, припаѓаат на оваа категорија.

Оптимизација

Доколку одлучивте да започнете со пишување на статии за Вашата стратегија за Контент маркетинг, тогаш треба да ја подобрите и содржината на Вашиот сајт, или попознато како SEO. Во случај да не сте запознаени со овој процес, на почетокот ќе Ви изгледа технички комплексно, но ако се посветите на тоа, многу брзо ќе ги разберете неговите основи. Треба да користите некои онлајн алатки за да идентификувате релевантни клучни зборови што можат да привлечат поголем број посетители кон Вашата страница и да ги вклучите во Вашите написи. Исто така, секогаш треба да пишувате висококвалитетна содржина. Иако звучи како многу работа, единствената цена тука е Вашето време – меѓутоа долгорочните придобивки се огромни.

Органски пристап кон социјалните медиуми

Кога станува збор за социјалните медиуми, прашањето не е дали треба да бидете активни на социјалните медиуми, туку колку време, напор и ресурси треба да инвестирате во процесот на растење на Вашата публика на социјалните медиуми. Според една студија на случај, 67% од потрошувачите користат социјални медиуми за поддршка на клиентите, а 33% претпочитаат да користат социјални медиуми наместо телефон. Значи, сега е одлично време да започнете да воспоставувате профили за Вашиот бизнис на најчесто користените платформи, како Фејсбук, Твитер и Инстаграм, бидејќи Ви се достапни бесплатно. Најважно е да идентификувате каде се Вашите клиенти и кој е начинот на кој сакаат да комуницираат. Ако одговорот на овие прашања е социјалните медиуми, тогаш ова е совршен канал за Вашите деловни активности.

Email Маркетинг

Особено е важно да одржувате контакт со Вашите клиенти во секое време, па користење на Email маркетинг навистина би бил паметен чекор. На овој начин, секогаш можете да ги информирате Вашите клиенти за Вашиот нов производ и/или услуга. Со цел полесно да соберете Email адреси од Вашите потенцијални потрошувачи, можете да им понудите купон, бесплатен пробен период или некои други поволности поврзани со Вашиот бизнис. Ова е совршена стратегија за оние со мал буџет, меѓутоа бидете сигурни дека ќе му помогне на Вашиот бизнис да расте. Е-поштата може да се постави многу брзо и е одличен начин да воспоставите комуникација со Вашите потрошувачи.

Форуми и групи

Добра идеа е да размислите за зачленување во јавни форуми или групи на социјалните медиуми. Можеби ќе бидете во можност да одговорите на нечие прашање со помош на Вашата експертиза или пак да дознаете за некој локален настан, каде ќе можете да го промовирате Вашиот бизнис. Бидејќи зачленувањето во овие заедници не подлежи на никаков трошок, Вие единствено можете да имате бенефит од нив.

Секако, пред да започнете со Вашата маркетинг стратегија неопходно е да направите добро истражување. Постојат многу платформи на Интернет кои Ви нудат одлични услуги и тие можат да Ви помогнат полесно да стигнете до поголема публика и да ги рекламирате Вашите производи или услуги на покреативен начин. Една од нив е Qpick – неверојатна платформа која е многу лесна за употреба! Таа се базира на концепт кој Ви овозможува да прикачите дигитални флаери и да испраќате понуди до Вашите клиенти во секое време од нивната апликација!

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/5-marketing-strategies-for-businesses-with-low-budget">