Вештачка интелигенција – спојување на маркетинг и продажба

Не постои сомневање дека одличен производ по вистинска цена е пресуден кога станува збор за успехот на Вашиот бизнис, но критериумите за купување денес се променети и очекувањата на потрошувачите се многу поголеми. Одредени истражувања посочуваат дека дури 81 процент од купувачите денес, своето купување го темелат на севкупното искуство со брендот, наместо само на производот или цената.
Ова е резултат на очекувањата на купувачите, кои посакуваат персонализирано искуство што нуди релевантна содржина, во согласност со нивните потреби.

Доколку сакате да успеете на пазарите со висока конкуренција, Вашите тимови за продажба и маркетинг треба да ја координираат стратегијата во однос на начинот на пристапување, убедување и негување на односите со нивните потенцијални и постојни клиенти.
Треба да ги охрабрите да усвојат нови технологии за нивната стратегија за маркетинг и продажба, кои ќе можат подобро да ја одредат, а потоа и да ја дуплираат најдобрата содржина за нивната целна публика.

Создадете релевантна содржина

Една неодамнешна студија вели дека продавачите користат околу 17 одделни содржини за да го реализираат процесот на продажба, па ако го земете ова предвид, сега е одлично време да започнете да инвестирате повеќе во развојот на квалитетна содржина.

Тимовите за продажба веќе имаат пристап до големите библиотеки на содржини, кои имаат за цел да им помогнат при комуникацијата со клиенти. Но, тестирањето која содржина ќе одговара најдобро за потенцијално склучување договор може да биде прилично предизвикувачки и исцрпувачки процес, бидејќи има многу различни фактори што треба да се земат предвид. Работното место, географска локација, возраст и пол, се само неколку од најважните фактори. Во овој процес, вештачката интелигенција може навистина да помогне.
Наместо продавачот да биде изложен на постојан притисок зада одлучи што е најдобро, вештачката интелигенција може да Ви обезбеди нова содржина, која била тестирана и успешна во слични ситуации и со слични клиенти.
Водени од податоци, AI-алатките можат да му препорачаат на продавачот одредена содржина што е веќе користена и генерирала позитивни исходи. Продавачот може да достави посоодветна содржина до одреден клиент, користејќи ги овие препораки.

Квалитетни податоци = поголема моќ

Нема сомнение дека можете да креирате многу моќна стратегија за продажба со помош на вештачката интелигенција. Како што веќе знаете, за да направите повеќе зделки, мора да споделите порелевантни и персонализирани пораки, а исто така и соодветна содржина на социјалните медиуми. Но, за да може AI да Ви помогне, треба на располагање да му ставите одлични податоци.

Погрешно е да се фокусирате само на алгоритмите што стојат зад Вашиот AI, без да работите на податоците што се неопходност за овој процес. Алгоритмите што ги градите ќе бидат бесмислени ако нема соодветни податоци. Значи, пред да започнете да ги користите Вашите AI алатки, Башата работа е да соберете многу податоци што ќе Ви помогнат да ја разберете комуникацијата помеѓу купувачите и продавачите, обострано.
Колку повеќе податоци ќе акумулирате за интеракциите со продавачот и купувачите, толку порелевантни препораки ќе добиете.

Сега е време кога продажбата и маркетингот треба да започнат да работат заедно и да им го понудат на купувачите она што ним им е потребно во однос на релевантната содржина и целокупниот процес на купување.
Qpick е нова платформа која исто така користи AI за да им обезбеди на купувачите најдобро шопинг искуство, истовремено давајќи им можност на деловните субјекти да ја таргетираат вистинската публика.

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/artificial-intelligence-teaming-up-marketing-and-sales">