Бесплатни алатки за креирање на добра графика без претходно искуство

Една фотографија – илјада зборови!
Денес не е само “убаво” да се употребуваат визуелни елементи, туку тоа е навистина потребно.
Статистичките податоци покажуваат дека дури приближно 70% од купувачите се согласни околу фактот дека визулените информации се навистина потребни. Луѓето ги сакаат визуелните елементи и со тоа визуеалната содржина е многу поверојатно да се прошири вирално.

Но во денешниот дигитален свет кој е во постојан подем една од најголемите задачи на бизнисите е да се потрудат и визулените елементи да бидат прецизни, чисти и значајни се со цел да ги привлечат нивните следбеници и да предизвикаат некоја реакција од нивна страна. Секако сите ние знаеме дека не секој може да си дозволи да ангажира професионален дизајнерски тим или пак да вложи време за да се обучи. Но затоа постојат голем број дизајнерски алатки кои се едноставни за употреба а воедно и бесплатни.

Како такви можеме да ги издвоиме следните:

Canva 

Достапно за: Web, Android, iOS
Бесплатно / Премиум пакет од $9.95 месечно

Canva е една од првите алатки која го решава овој проблем па затоа не е ни чудо што истата е вистински хит меѓу бизнисите. Воопшто не е битно доколку никој пат претходно немате дизајнирано фотографија! Бесплатната верзија на Canva ви нуди супер едноставни туторијали кои ќе ви помогнат на едноставен начин да ја употребувате големата библиотека од фотографии, икони, стилови и форми на текст, а воедно и ќе ви понуди можност и да вчитате и некој свој дизајн. Тие исто така нудат и премиум план со кој би имале можност за неограничено складирање, пристап до 300 000 средства и шаблони, фонтови, транспарентни позадини и уште многу други забавни карактеристики.

Desygner 

Достапно за: Web, Android, iOS
Бесплатно / Премиум пакет од $6.95 месечно 

Алатката Desygner иако честопати споредувана со Canva е многу поедноставна за употреба. Ова најмногу се должи благодарејки на пријателскиот распоред со помош на кој секоја опција е лесно препознатлива. На овој начин корисниците можат да креираат и дизајнираат веб-страни, постери, писма, презентации и различни маркетинг материјали. Desygner алатката исто така нуди избор помеѓу голем број на бесплатни фотографии кои се веднаш употребливи, им овозможува на корисниците да додааваат своја лична содржина од различни извори, и нуди илјадници векторски уметности, стикери и позадини.

DesignBold 

Достапно за: Web, Android
Бесплатно / Премиум пакет од $19 месечно

Карактеристиките на DesignBold се малку повеќе насочени кон маркетарите, но исто така е и алатка за дизајн која има за цел да ги поттикне сите оние кои имаат желба да креираат неверојатна графика како за веб така и за принт. Најголемата предност на DesignBold во однос на другите алатки е огромниот избор на слики. Оваа алатка исто така има и совршено претходно изградени шаблони за секој тип на работа како инфографика, табели, инстаграм постови, покани за забави а воедно и нуди неограничен простор за складирање.

Snappa 

Достапно за: Web
Бесплатно / Премиум пакет од $10 месечно

Snappa е универзална алатка за дизајнирање која го поедноставува графичкиот дизајн доволно за да може да биде употребувана од страна на една просечна личност. Оваа алатка е навистина забавна бидејки овозможува соработка помеѓу тимот додека работат на некој проект. Со ова маркетарите и претприемачите се во можност да креираат графика за реклами, социјални медиуми, целни страници или блогови на многу побрз начин. Snappa исто така има и свој дополнителен прокет познат под името StockSnap кој претставува извор на голем број бесплатни фотографии кои можат да бидат искористени како за лични така и за комерцијални проекти.

Stencil 

Достапно за: Web
Бесплатно / Преиум пакет од $10 месечно

Stencil алатката им овоможува на малите бизниси, маркетарите за социјални медиуми, и блогерите да ги разубават фотографиите со цел да генерираат извонредни постови за на социјалните медиуми, блогови, реклами, емаил фотографии и многу повеќе. Оваа алатка воедно нуди и голем сет на карактеристики како слики за позадини, неверојатни шаблони, цитати и опција за лесно прилагодување кои можат да бидат користени од страна на сите без оглед на нивото на нивното образование. Оваа алатка може да се користи без претходно да се регистрирате но доколку сакате да ги зачувате вашите промени тогаш најдобро би било да си направите свој профил и да и се препуштите на вашата имагинација.

Без разлика дали сте почетник или професионалец, овие алатки за графика ќе Ви помогнат да почнете да дизајнирате сами и на лесен начин да се издвоите од конкуренцијата.

 

DownloadQpickApp

You May Also Like

About the Author: Qpick

Напишете коментар

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/free-tools-for-creating-stunning-graphics-for-your-business-with-no-experience">