Купување намирници за време на КОВИД-19: Како да се заштитите

Купувањето на намирници може да бидат прилично стресно деновиве, со оглед на тоа дека здравствените експерти предлагаат луѓето да ги избегнуваат гужвите. Но, купувањето храна и намирници секако е неопходно, па затоа споделуваме неколку совети како да се заштитите додека сте во маркет во овие вонредни околности:

Носете заштитна опрема

Најдобар начин да се заштитите себеси е да ги заштитите устата, носот и очите, како и Вашите раце. Следниот пат кога ќе одите во супермаркет носете ракавици, бидејќи некои работи што ги допирате може да имаат траги од лице кое е заразено со КОВИД-19.

Носењето маска е уште еден слој на заштита за оние кои одат во набавка по намирници, но задолжително покријте ги и очите со носење очила за сонце.

Купувајте кога има најмалку гужва 

Според некои истражувања, најдобро време да одите на шопинг е во раните утрински или во доцните вечерни часови. Но, оваа состојба може да варира во различни области, бидејќи има многу мерки и препораки од страна на надлежните, кои се однесуваат на различни возрасни групи. Одберете го мркетот што е помалку посетен и погрижете се да одржите оддалеченост од два метри од останатите луѓе.

Направете шопинг листа на Qpick

Навистина е важно да знаете што ќе купите откако ќе пристигнете во супермаркетот, затоа што сакате да го направите тоа што е можно побрзо. Ако мислите дека заборавате нешто, проверете ги понудите на Qpick и зачувајте ги во “Вашиот џеб”. На тој начин, можете да го отворите списокот во секое време и брзо да ги проверите зачуваните производи.

Користете кредитна или дебитна картичка

За време на овие вонредни околности, многу од клиентите низ целиот свет се претпочитаат користење на кредитни или дебитни картички наместо кеш. Според многу експерти за јавно здравје, КОВИД-19 може да се пренесе преку хартиени пари со кои управувал некој што е заразен.

Значи, со избегнување на готовината, го намалувате ризикот да бидете заразени. Безконтактните плаќања се уште подобри, затоа што не бараат од клиентите да ги вметнуваат своите картички во терминалот, туку да ги држат преку терминалот.

Исчистете се себеси и Вашите производи

Откако ќе пристигнете во Вашиот дом, не заборавајте да нанесете средство за дезинфекција на рацете и да ги измиете рацете со топла вода и сапун. Исто така, проверете дали сте ги исчистиле корпите што ги користите додека купувате. Многу намирници веројатно се допираат често за време на дистрибуцијата, така што едноставно можете да го исфрлите надворешниот пакет или да ги избришете со алкохол или средство за чистење на домаќинствата.

Најважната работа во моменти како овие е да се чувате себеси и Вашите најблиски здрави и заштитени. Минимизирајте го времето што го поминувате надвор од Вашиот дом и не контактирајте со многу луѓе. Држете растојание!

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/grocery-shopping-tips-during-covid-19-how-to-protect-yourself">