Дигиталниот Маркетинг како фактор за раст на Вашиот бизнис

Секој нов бизнис на почетокот од неговото работење има една цел, а тоа како да ги привлече првите клиенти. Затоа, тие често користат традиционални форми на рекламирање како печатени реклами и купони, но постои полесен и поефективен начин за рекламирање на брендот, кој што треба да го имаат предвид. За среќа, постојат голем број на различни алатки, кои ќе му помогнат на бизнисот да остане компетитивен, да опстане и да растe во инднина.
Токму затоа, Ви ги пренесуваме најважните причини зошто дигиталниот маркетинг му е потребен на Вашиот бизнис, доколку сакате истиот да напредува и да се развива:

Поекономичен од традиционалниот маркетинг

Бидејќи малите бизниси располагаат со многу малку ресурси, Дигиталниот маркетинг е совршен избор кога станува збор за рекламирање. Причината зошто е тоа така, е бидејќи дигиталниот маркетинг преставува поекономичен и подобар маркетинг канал. Голем број претходни истражувања го даваат истиот одговор: искористувајки го дигиталниот маркетинг како начин на промоција на нивните производи и услуги, бизнисите заштедуваат голем дел од и така лимитираниот буџет.
Затоа префрлувањето на ресурси од буџетот од традиционалниот маркетинг во алатки и техники од дигиталниот маркетинг, е паметен потег кој ќе помогне во заштедување на ресурси а се знае дека приоритет број еден во секој мал бизнис е економичност, а бидејќи секој потрошен долар има голема важност.

Овозможува конверзија

Моќта на дигиталниот маркетинг е тоа што овозможува да се измери процентуално успешноста на влезниот сообраќај преку конверзија во лидови, претплатници или продажба. Сите Ваши вложени напори во маркетинг стратегии не значат ништо ако не се генерираат конверзии на крајот од денот. Ова е причина плус, зошто е многу важно да се насочат кампањите кон оптимизација на конверзија. Постојат неколку алатки кои можете да ги користите во Вашата стратегија за дигитален маркетинг, како што се SEO (Search engine optimisation) социјални медиуми или маркетинг преку е-пошта. Едноставно треба да откриете што работи најдобро за Вас.

Ја олеснува интеракцијата со таргетираната публика

Една од најголемите предности на дигиталниот маркетинг е тоа што може да се анализараат огромни демографски податоци, што ни дава можност да ги поделиме корисниците во таргет групи и да ги сконцетрираме нашите маркетинг напори на одреден специфичен таргет на клиенти. Ова е една од главните причини зошто дигиталниот маркетинг е во предност во споредба со традиционалните маркетинг канали – затоа што нуди можност за креирање реклама која е особено релевантна за Вашата целна група и Ви овозможува да комуницирате со целната публика во реално време. Кога креирате реклама што е релевантна за Вашите корисници, се поврзувате со нив на повисоко ниво и можете да влијаете на нивните одлуки, без да ги вознемирувате или да ја покажувате истата реклама илјадници пати. Ова овозможува Вашата реклама да биде покажана на луѓе кои имаат многу специфично однесување, интерес, локација и сл. Друг бенефит од овој начин на креирање реклама се намалените трошоци за создавање на истата, односно не треба да трошите илјадници на една реклама и можете да ја пуштате истата колку сакате, кому сакате и кога сакате, без да имате дополнителни трошоци. Овој вид рекламирање Ви дава можност да се поврзете со различни групи на луѓе, а другите форми на маркетинг едноставно не Ви даваат можност за вакво ниво на контрола врз тоа кој ја гледа Вашата реклама.

Им служи на мобилните корисници

Според истражувањата направени од IBM, мобилните трансакции се зголемуваат за 35% од година во година. Речиси 91% од возрасните во САД изјавиле дека секогаш ги имаат своите уреди на дофат. Факт е дека мобилните уреди станаа централен дел од нашиот живот и луѓето честопати ги користат за да ги разгледаат коментарите и информациите за производите додека се наоѓаат во Вашата продавница. Сега е совршен момент за создавање на дигитални маркетинг кампањи наменети за корисници на мобилни телефони, се со цел да се постигне подобар раст на Вашиот бизнис. Одличен атрибут на Вашата компанија би било да испратите пуш нотификација до Вашите клиенти и да споделите со нив нешто што е на попуст, додека поминуваат покрај Вашиот излог.

Сега можете да го направите тоа со Qpick. Ние Ви даваме можност да испратите соодветни понуди и да ги поканите клиентите да ја посетат Вашата продавница кога гео-локацијата покажува дека се близу. Qpick преставува најлесна опција како да останете во контакт со старите клиенти и секако, да привлечете нови. Интернетот е место каде што клиентите денес се наоѓаат и тоа е местото каде што претпочитаат да ги сретнеме.

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/how-digital-marketing-can-help-your-business-grow">