Како геолокацијата го менува концептот за маркетинг?

Со развојот на технологијата во текот на годините, мобилниот маркетинг стана важен аспект на секој маркетинг план. Потрошувачите се повеќе сакаат да добиваат релевантни пораки според нивните специфични потреби, а гео-локацијата им ја дава токму оваа можност.
Геолокацијата го користи GPS-от на мобилните уреди за да ја покаже точната локација на уредот и неговиот корисник. Постои голема шанса многу од луѓето да ја исклучат оваа опција во некои апликации, но има и такви кои ќе ја остават опцијата активна. Сега секој маркетер може да дознае каде се наоѓаат потенцијалните потрошувачи со помош на специфични GPS координати.
Во прилог Ви ги презентираме трендовите на кои треба да обрнете внимание, кога станува збор за геолокацијата и маркетингот.

Користењето на гео-локација во е-трговијата ќе ги одведе потенцијалните купувачи кон продавниците

Физичките трговци се обидуваат да најдат иновативен начин да останат конкурентни наспроти електронската трговија, и тука може да помогне гео-локацијата со што значително ќе донесе повеќе клиенти кон физичките продавници.
Моментално, физичкиот инвентар на трговците и дигиталниот инвентар не се поврзани. Но, кога ќе се поврзат, купувачите ќе можат да откријат што сакаат да купат во продавницата, а потоа да бидат насочени кон локалните трговци на мало кои ги имаат тие производи.

Временски лимитирани понуди за зголемување на продажбата

Маркетингот со временски ограничувања ќе се користи сè повеќе, со цел бизнисите да привлечат што е можно повеќе локални клиенти. Се очекува локалните компании да обезбедат специјални купони што ќе бидат достапни на многу мал временски период, што е одлична опција за привлекување клиенти во близина.

Поттик за собирање податоци

Брендовите се свесни колку корисни можат да бидат податоците поврзани со навиките за купување на клиентите, но не е секогаш лесно да се добијат приватните информации од клиентите. Затоа, тие користат специјални зделки и купони поврзани со геолокација, со цел полесно да соберат податоци од локалните клиенти.

Qpick е една неверојатна платформа која користи геолокација како функција за да им помогне на локалните трговци на мало да ги донесат своите онлајн фанови директно во нивните продавници. Ако сакате да бидете во чекор со најновите трендови во маркетингот, придружете се на нашата заедница на задоволни трговци.

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/how-geolocation-is-changing-the-concept-of-marketing">