Маркетинг базиран на локација – зошто е важен?

Маркетингот базиран на локација е одлична стратегија за секој бренд кој сака да ги задржи старите клиенти и да привлече нови. Основната цел при креирање на ваков вид стратегии е да се изградат прилагодени и насочени кампањи, односно истите да бидат прилагодени на потрошувачите на едно специфично место. Со развојот на GPS мобилните уреди, исклучително е лесно за брендовите да откријат каде се нивните клиенти во одреден момент и кога е совршено време да допрат до нив. Постојат бројни тактики што можете да ги искористите (пораки или пуш-нотификации) со цел да активирате некаков вид акција од страна на потрошувачите – да го предизвикате Вашиот клиент да влезе во продавницата, да го купи Вашиот производ и сл.

Ако сè уште се прашувате зошто маркетингот кој се базира на локација е толку важен, еве ги најрелевантните причини зошто би требало да започнете да го користите:

  • Персонализиран е и мерлив

 Врз основа на претходни истражувања, научивме дека персонализираните пораки даваат подобри резултати кога станува збор за ангажман отколку генеричките пораки, а резултатите се приближно исти и кога се користи рекламирање засновано врз локација. Овој вид на рекламирање е исклучително персонализиран, бидејќи се заснова на претходно шопинг искуство на потрошувачите, специфична локација, преземања на апликации и многу други фактори. Откривањето за што се заинтересирани Вашите клиенти и персонализирање на Вашата порака до нив е одличен пристап, во споредба со правење на премногу генерализирани понуди за кои не сте сигурни дека би им се допаднале.

  • Соодветниот тајминг е особено важен

Како што веќе рековме, рекламирањето врз основа на локацијата е многу персонализирано, така што ова создава можност брендовите да стигнат до своите постоечки и  потенцијални клиенти, во моментот кога нивните понуди се достапни и најактуелни. Во основа, тајмингот е една од најдобрите јаки страни на рекламите засновани на локација. Со оваа стратегија, можете да таргетирате луѓе во прецизни моменти и да ја зголемите видливоста на Вашиот бренд, а со тоа постојат поголеми шанси некој да ги купи Вашите производи или услуги.

  • Основна цел е таргетирањето

 Нема повеќе изговори за прикажување на генерички реклами. Денес постојат толку многу податоци што се достапни на маркетерите со цел тие соодветно да ги насочуваат персонализираните пораки. Многу луѓе користат блокатори за реклами, едноставно затоа што тие честопати се ирелевантни. Значи, ако рекламите се насочени на вистински начин, шансите тие да бидат блокирани или игнорирани ќе бидат многу пониски. Бидејќи луѓето на различни локации дејствуваат поинаку, локализираните реклами даваат одлична можност за правилно таргетирање. Ако сте добри во таргетирање, дефинитивно ќе потрошите помалку време и пари на рекламирање.

Aко навистина сте заинтересирани за маркетинг кој се заснова на локација, а не сте сигурни од каде или како да започнете, ние имаме совршено решение за Вас!

Qpick е платформа која им овозможува на малите трговци да користат дигитални флаери за рекламирање базирано на локација, користејќи вештачка интелигенција, а со тоа Ви ја дава можноста рекламите да одат само кај вистинскиот купувач, а не и кај оние кои не се заинтересирани за одредената понуда. Нашата компанија Ви овозможува да го рекламирате Вашиот бизнис на многу креативен начин, со цел да ги постигнете Вашите цели и да обезбедите побрз раст. Исто така, со помош на мобилната апликација, можеме да собереме податоци за Вашите клиенти, односно кој го добива флаерот, кога и каде.

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/location-based-advertising-why-is-it-so-important">