Qpick во посета на Latitude59

Пред само неколку месеци Qpick се приклучи на Startup Wise Guys програмата во Литванија заедно со 12 други стартапи и сме на чекор од лансирање на нашиот производ во Вилнус. Малопродажната клима во Вилнус е неверојатна, а културата на малите трговци е совршена за Qpick.

На кратко, Qpick е технологија која има за цел да им помогне на трговците на мало со физички продавници да ги конвертираат своите онлајн и офлајн посетители во вистински потрошувачи. Преку повеќе дигитални и аналогни канали, им овозможуваме на трговците на мало да изградат релевантна публика и да работат со истата поефективно.

Особено е големо задоволството што светски познатите организации почнуваат да ја препознаваат нашата вредност, нашите идеи и нашата цел. Ова беше совршена шанса да ја претставиме нашата посветеност кон подобрувањето на малопродажната реклама – особено за малите трговци, како и целокупната идеа на која работевме со многу труд.

За оние кои не знаат, Latitude59 е стартап и технолошки настан во Естонија, кој претставува извонредна можност за собирање на луѓе од целиот свет, кои се посветени на стартапи и инвестирање во истите.

Целта на Latitude59 е да ja одржи истата релаксирана атмосфера со која започна, но исто така да помогне во воспоставувањето односи со регионалните стартапи, внатрешните инвеститори и потенцијалните деловни партнери.

Приказната на некои од ветераните во светот на стартапите и севкупно на лидерите во дигиталната индустрија беше одлична инспирација за нашиот тим и иако настанот не траеше премногу долго, сепак имавме можност да забележиме неколку најважни моменти на настанот!

Присуството на EstBAN на настанот беше вистински предизвик, но земајќи ја предвид нивната цел да им помогне на стартапите со обезбедување на капитал, беше вистинска мотивација за сите учесници.

Запознавањето со некои од најветувачките стартапи беше предизвик, но исто така одлична шанса за Qpick да ја покаже својата силна посветеност и мисија за поддршка на малите трговци. Нашиот извршен директор, Зоран Настески, ќе продолжи да го гради и проширува нашето присуство во Балтичкиот регион, па ако сте во близина и навистина сакате да дознаете нешто повеќе за Qpick, слободно можете да му се обратите.

Еден од победничките тимови беше Менаџмент тимот Zelos – неверојатен стартап кој освои прво место и чија цел е активирање на тимови од стотици волонтери и ослободување од микро-менаџментот.

Продолжете да не следите и понатаму, затоа што имаме уште многу новости кои би сакале да ги споделиме со Вас!

Кој е Вашиот впечаток за Lattitude59? Дали би учествувале следната година?

 

Блогот е оригинално објавен на https://medium.com/@Qpick

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/qpick-goes-to-latitude-tallinn">