Qpick – дигитализирај ги лојалните картички во три чекори

Денес во нашите паричници чуваме најмалку 5 до 6 лојални картички од различни продавници, супермаркети, салони за убавина и други брендови. Ова често може да предизвика непријатност и за Вас и за другите купувачи, кога на каса не можете да ја најдете соодветната картичка.

Но, ние можеме да Ви покажеме подобар начин како да ги чувате и сортирате истите! Со оглед на тоа дека живееме во дигитална ера, сега имате можност да ги конвертирате пластичните лојални картички во дигитални – сè што треба да направите е да ја преземете Qpick апликацијата и да ги вметнете картичките во неа! Супер лесен и брз процес, кој секој може да го направи!

Следете ги следниве три основни чекори:

Прв чекор: Џеб

Веднаш откако ќе ја отворите апликацијата, ќе Ви се прикаже основниот екран. На дното на екранот, ќе го забележите футерот со различни опции, меѓу кои е и опцијата Џеб (Pocket). Откако ќе кликнете на неа, на екранот ќе Ви се прикажат две опции: Картички – место каде што можете да ги чувате Вашите лојални картички и Промоции – место каде што можете да ги видите сите Ваши омилени понуди кои претходно сте ги зачувале.

Втор чекор: Картички

Откако ќе кликнете на Картички (Cards), ќе Ви се прикаже опцијата Додај картичка (Add Card), па се што треба да направите е да кликнете на неа. Потоа, можете да изберете помеѓу додавање картичка од некој од брендовите што веќе се регистрирани на апликацијата, или додавање на сопствена картичка.

Трет чекор: Додај картичка

Во случај да сакате да додадете картичка од веќе постојните брендови, едноставно треба да го изберете релевантниот и да го скенирате кодот со Вашата камера, или да го додадете бар-кодот рачно. Но, ако ја изберете опцијата Додај персонализирана картичка (Add custom card), потребно е да го внесете името на продавницата, да одберете во која категорија припаѓа, да изберете боја на картичката и последен чекор, да го скенирате бар-кодот или да го додадете рачно. При внесување на бар-кодот, направете проверка на броевите, во случај да дојде до погрешно внесување.

Потребни Ви се само 2 минути од Вашето време за да го завршите овој процес и конечно ќе можете да се ослободите од пластичните картички! Следниот пат кога ќе одите во продавница, едноставно земете го Вашиот телефон и ќе ги имате на дофат сите Ваши лојални картички. Во моментов работиме на cloud account, за во случај на губење на Вашиот телефон или замена со нов, картичките да Ви бидат меморирани на Вашиот акаунт.

Со Qpick можете да бидете сигурни дека Вашите лојални картички нема да се оштетат ниту изгубат. Дополнително, ова е одличен начин да се ослободите од пластиката и да придонесете за здрава и зелена планета!

Исто така, не заборавајте да ги проверите најдобрите понуди и промоции од Вашите омилени локални продавници!

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/qpick-the-smartest-way-to-keep-your-loyalty-cards">