Најдобрите шопинг локации во Аликанте – Шпанија

Аликанте се наоѓа во јужниот регион на Валенсија, Шпанија. Тој е град кој брзо расте, каде економијата се заснова на туризам, производство на вино и извоз на овошје. Иако главната причина зошто милиони туристи секоја година го посетуваат Аликанте, е заради неверојатните пејсажи, во него се лоцирани и неколку неверојатни трговски центри, каде можете да најдете популарни брендови и да направите добра зделка, затоа што цените се одлични во споредба со некои други градови.

Ако планирате да го посетите Аликанте наскоро, или сте локални жители во овој град а сакате да одите на добар шопинг, еве ги најдобрите локации за шопинг што не смеете да ги пропуштите:

El Corte Ingles

El Corte Ingles е основан во 1940 година и претставува најголемиот синџир на стоковни куќи во Шпанија, со свои продавници низ целата земја. Постојат два различни трговски центри на El Corte Ingles во Аликанте и се наоѓаат на улицата Avenida de Maisonnave. Едниот од нив нуди облека и модни додатоци, а другиот главно се однесува на производи за домаќинства и храна. Првиот има 9 спрата, а на највисокиот кат можете да откриете кафе бар и ресторан, каде можете да се одморите откако ќе поминете неколку часови на шопинг.

Centrol Comercial Gran Via

Овој трговски центар беше отворен во 1998 година и се наоѓа на 5 км северо-источно од центарот на градот Аликанте. Денес има над 100 продавници, обезбедувајќи облека и додатоци од популарните брендови. Може да најдете и електрични производи, спортски производи, продавница за играчки и многу повеќе. А доколку е потребно да купите храна и други намирници за Вашиот дом, во трговскиот центар има супермаркет Carrefour. Можете исто така да се одморите и да пиете кафе или свеж сок во кафе барот. Доколку сте загрижени за транспортот до овој трговски центар, важно е да знаете дека има одлични автобуски врски до Гран Виа, а веднаш до трговскиот центар има и такси.

Centro Comercial Plaza Mar 2

Centro Comercial Plaza Mar 2 е еден од најновите трговски центри во Аликанте. Сместен е во центарот на Аликанте, во близина на плажата Постигут и илјадници туристи го посетуваат секој ден. Има 162 м2 изграден простор и стотици различни брендови. Кога станува збор за продавници за облека, можете да најдете одлични парчиња од H&M, Jack & Jones, Mango и Zara. Има толку многу продавници посветени на козметика, накит, спорт и мебел за домаќинства. Постојат неколку ресторани со вкусна храна и 16 кина за да ги гледате најновите филмови.

Centrol Comercial Panoramis

Ова е типичен американски трговски центар, каде ќе откриете неверојатен поглед на пристаништето во Аликанте. Брендовите како Zara, H&M и Decathlon се едни од ретките познати продавници, но може да најдете и некои помали бутици со локални брендови. Постојат многу продавници за брза храна, сокови и пабови, како и одлични ресторани, од кои секоја нуди различни кујни. Исто така, можете да најдете многу активности за Вашите деца. Постои област за играње во затворен простор и мулти-екран кој постојано ќе ги забавува.

Centrol Comercial Puerta de Alicante

Centrol Comercial Puerta de Alicante се наоѓа на Авенија Алкалде Лоренцо Карбоне. Овој трговски центар има ресторани, продавници за малопродажба, многу модни брендови, кина и сл. Ако не можете да одлучите каде да одите на шопинг во Аликанте, ова е идеална дестинација за вас. Секогаш можете да се дружите со пријателите таму, да гледате филм и да ја јадете омилената храна.

Се надеваме дека Ви помогнавме со нашите совети и препораки за Вашето шопинг патување.

А во случај да сакате да откриете каде се најдобрите зделки без да пребарувате наоколу во градот, приклучете се на Qpick и проверете ги најновите промоции од Вашите омилени брендови во Аликанте.

 

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/shopping-in-alicante-5-best-locations">