Дали маркетингот на социјални медиуми е се уште ефективен?

Иако маркетинг стратегиите за социјални медиуми се користат од страна на речиси секоја компанија на пазарот и иако нивната употреба сè повеќе и повеќе расте, сепак тие можеби не се толку многу корисни за бизнисите како што изгледа. Во 2017 година, маркетингот за социјални медиуми доживеа дотогаш невиден пораст. Голем број на компании започнаа да ги користат социјалните медиуми како подобар и поефикасен начин за рекламирање. Но сепак, заедно со порастот на маркетингот за социјални медиуми, цената за рекламирање на истите исто така доживеа значителен пораст.

Во текот на годините, маркетинг стратегиите за социјални медиуми станаа прескапи за бизнисите  бидејќи нивното користење им донесе повисоки трошоци. Светот на дигиталниот маркетинг полека започна да навлегува во еден период кога цената а рекламирање на социјалните медиуми започна да расте, додека пак вредноста од користењето на социјални медиуми почна да опаѓа. Зголемувањето на цената за рекламирање на социјалните медиуми доведе до многу потежок раст на бизнисите преку социјалните медиуми.

Основниот проблем со маркетингот за социјални медиуми е во цената што компаниите ја плаќаат со цел да се постави нивниот бизнис над другите. Во денешно време, парите се пресудни за присутноста на една компанија на социјалните медиуми. Со други зборови, компаниите што можат да понудат повеќе пари за маркетинг стратегија за социјални медиуми ќе бидат повеќе присутни. Како што Нејт Ванг – водечки дигитален маркетер од Сингапур вели: „Со тек на време, целиот постоечки дигитален маркетинг простор ќе биде доминиран од страна на богатите и нееднаквоста ќе биде во пораст.“Како и да е, иако користењето на социјалните медиуми е неизбежен дел од маркетинг стратегијата на една компанија се препорачува бизнисите да не се фокусираат само на тоа. Се препорачува компаниите да се воздржат од плаќање на вискоки суми за кампањи преку социјлни медиуми доколку истите не им носат висока вредност.

Секоја комапнија треба да се труди постојано да изнаоѓа нови начини на рекламирање кои ќе чинат помалку но ќе донесат повисока вредност.

Компаниите може да започнат да креираат реклами преку новиот и иновативен метод на Qpick.

Доколку сакате да креирате реклама за Вашиот бизнис и сакате да научите повеќе за предностите коишто Qpick им ги нуди на бизнисите, претплатете се тука.

DownloadQpickApp

You May Also Like

About the Author: Qpick

Напишете коментар

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/should-businesses-shift-away-from-social-media-marketing">