Изберете ја вистинската капа и комплетирајте го Вашиот зимски изглед

Топла марама, памучен џемпер и кожен капут се совршени за студените зимски денови, но она што навистина Ви е потребно за да го комплетирате зимскиот изглед е прекрасна капа. Има толку многу различни опции кога станува збор за капи, па можете да ја одберете онаа која најмногу му прилега на Вашиот стил.
Во прилог Ви ги претставуваме најновите трендови за зима 2019/2020, кои се најдоа на модните писти:

Берет

Беретите изгледаат добро на сите жени, бидејќи тие се многу меки и го имаат тој класичен изглед. Беретите обично се направени од памук, волна или акрилик и се совршен избор за студените зимски денови.
Не постои правилен или погрешен начин за носење беретка, па затоа можете да ја носите на страна, да ја центрирате на главата или да пробате нешто поразлично. Изберете црни хеланки, кожено здолниште и голема кошула, што совршено ќе одговараат на Вашата беретка.

Волнен шешир

Ако сакате да го задржите Вашиот модерен изглед во зимските денови, вистинскиот избор за Вас е топол, волнен шешир. Овој шешир може да го комбинирате со “oversized” џемпер и кожни чизми за совршен дневен изглед. Или, ако сакате да го комбинирате за вечерно излегување, едноставно носете го со зимски фустан и црн капут.

Руска капа

Во случај да се соочувате со екстремно ниски температури, руската капа е сигурен избор за Вас. Оваа капа е совршена ако сакате да додадете софистицирана нота на едноставен зимски изглед. Руската капа за дами е задолжителна за оваа сезона, за сите оние кои сакаат да го задржат елегантниот изглед.

Изборот на женските зимски капи е голем, независно од стилот и материјалите, па сигурни сме дека ќе го одберете она што најмногу Ви прилега Вам. Исто така, не заборавајте да ги разлистате најновите зделки и промоции на Qpick, пред да одите на празничен шопинг!

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/style-guide-pick-the-right-hat-for-your-winter-look">