Чантите кои морате да ги имате оваа сезона

Ако сè уште не сте ги виделе најновите трендови на чанти за есен / зима 2019-2020, сега е вистинското време да го направите тоа. Оваа година има голема мешавина на трендови, од сосема нови трендови до враќање на старите стилови. Боите и принтовите се посериозни во однос на претходната сезона, а чантите доаѓаат во различни форми и големини. Ние подготвивме мала листа за она што ќе биде “ин” оваа зима, а изборот останува на Вас:

1. Комбинација на две чанти

Не сме сигурни од каде потекнува оваа идеја, но дополнителен простор во чантата е секогаш добредојден. А повеќе простор значи и повеќе прегради, па ако сакате нешто повеќе од само обична голема чанта, тогаш ова е совршен избор за Вас. И покрај првичниот скептицизам, на луѓето особено им се допаѓа овој тренд. Вакви чанти има во брендовите Givenchy, Miu Miu и Fendi.

2. Враќање на мини чантите

Микро чантите се голем тренд секоја година, па затоа не изненадува фактот што повторно се појавија на модните писти за оваа сезона. Овие мини чанти се совршени за вечерно излегување и ги има во неколку варијанти – кожни со различни принтови, или во облик на мали цилиндри.

3. Кожни чанти со ”snakeskin” принт

“Snakeskin” принтот е инкорпориран во сите трендови оваа зима – од чевли па се до чанти. Овој принт дефинитивно и дава поинтересен и полуксузен изглед на секоја чанта, бидејќи има впечатлива текстура и е совршен доколку сакате да внесете нешто несекојдневно во Вашиот стил.

 

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/the-biggest-handbag-trends-for-winter-2019">