Значењето на пуш-нотификациите за Вашата Маркетинг стратегија

Една од најдобрите тактики за полесен пристап до корисниците кои се активни на Интернет, е со помош на пуш нотификации. Тие се лесен и ефикасен начин да воспоставите соодветна комуникација со Вашите клиенти. Една од најголемите предности е тоа што тие се појавуваат директно на екранот на уредите и нивната стапка на успех при привлекување на вниманието на корисникот е многу поголема во споредба со некои други стратегии. Ако ги користите правилно, тие можат да Ви помогнат да развиете силна врска со Вашите клиенти. Значи, ако сте заинтересирани да ги применувате пуш нотификациите во Вашата маркетинг стратегија, ова се следните придобивки кои тие ќе му ги обезбедат на Вашиот бизнис:

Привлекување на поголем број клиенти

Со пуш нотификации можете лесно да предизвикате одредена активност од страна на корисниците, бидејќи со нивна помош можете да испраќате ажурирања или потсетници во реално време. Ова ќе ја натера Вашата публика редовно да биде во контакт со Вашиот бренд. Според некои истражувања, корисниците сега се отворени кон добивање пуш нотификации повеќе од кога било досега. Ова се одлични вести за маркетерите, затоа што на овој начин имаат подобра и полесна можност да комуницираат со клиентите. Со пуш нотификациите, тие можат да обезбедат навремени пораки и релевантни информации за брендот или да им понудат на клиентите нови промоции.

Реактивирање на Вашите сегашни корисници

Многу мобилни апликации имаат голем број на преземања, но луѓето што ја преземале апликацијата многу често воопшто не ја користат. Пуш нотификациите се одличен начин да ги претворите неактивните корисници во активни. Некои истражувачи велат дека, испраќањето пуш нотификации што содржат релевантни информации за потенцијалните клиенти, може да ги зголеми стапките на користење на апликациите за 3 до 10 пати. Со ваков вид на пораки, можете да споделувате персонализирани понуди до Вашите клиенти или нови функции на Вашата апликација.

Подобрување на стратегијата за грижа на корисници

Пуш нотификациите се одличен начин за подобрување на искуството на клиентите. Со нивна помош можете ефективно да го зголемите сообраќајот до Вашата веб страна со обезбедување на корисни информации за Вашите клиенти. Голем број на маркетинг експерти ги користат како алатка за да го привлечат вниманието на корисниците, а ако и Вие ја користите истата стратегија, тогаш проверете дали ги креирате своите известувања на начин што тие ќе бидат вредни и релевантни за Вашите клиенти. Колку повеќе се персонализирани Вашите известувања, толку подобри резултати ќе постигнете.

Зајакнување на свесноста за брендот

Доколку редовно ги известувате клиентите за нови зделки, купони или специјални понуди, можете значително да ја подобрите свеста за Вашиот бренд. Пуш нотификациите се одличен маркетинг канал, каде што можете да дадете повеќе информации за Вашиот бренд. Ако испратите повеќе персонализирани пораки до Вашите клиенти, тие ќе се чувствуваат повеќе поврзани со Вашиот бренд и ќе ја зголемат неговата вредност.

Сè на сè, пуш нотификациите се иновативна маркетинг стратегија за секој бренд. Сега можете да користите релевантни, вредни пораки кои ќе имаат за цел да ја зголемат и задржат базата на клиенти. Доколку сметате дека ова е комплициран процес, секогаш можете да дозволите Qpick да ги испраќа овие пуш нотификации во Ваше име. Qpick е платформа чија цел е да комуницира со публиката на иновативен начин, истовремено градејќи подобра свест за Вашиот бренд.

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/the-importance-of-push-notifications-for-your-marketing-strategy">